Повеќе од 500 милиони пчели умреле во Бразил во последните три месеци.
Пчеларите од Рио Гранде пријавиле за масовното угинување на околу 400 милиони пчели.
Голем број научници тврдат дека причината за тоа е употребата на пестициди во земјоделскиот сектор.
Пчелите играат голема улога во синџирот на исхрана поради тоа што една третина од храната што ја консумираме опстанува поради процесот на опрашување со полен, кој главно го вршат пчелите.
Овде се вклучени овошјето и зеленчукот како цреши, авокадо и брокула.
Што се случува со пчелите во Бразил?
Главната причина за смртта на пчелите во овој случај е употребата на пестициди кои содржат супстанци кои се забранети во Европа, како неоникотиониди и фипронил.
Европската Унија ги забрани речиси сите пестициди кои содржат неоникотиониди од минатиот април, поради сериозната штета што ја предизвикуваат врз пчелите.
Истовремено, Бразил ги укина рестрикциите за употреба на пестициди и покрај противењето на активистите за животна средина кои ги нарекуваа овие пестицити „пакет отрови“.
Според „Гринпис“, користењето на пестициди во Бразил е значително зголемено во последните три години, а 193 продукти од пестицидите што се користат во Бразил ги содржат хемикалиите забранети од страна на ЕУ.
Бразил користи пестициди поради тоа што економијата во земјата главно зависи од земјоделство.