fbpx
ВестиТоп вести

Преку везење пиперки до економско и социјално зајакнување на жените во Радовишко

 

Жени, чијашто просечна возраст е 73 години, кои целиот живот се занимавале со земјоделство, немаат ниту еден ден работен стаж, ниту, пак, сигурност во пензионерските денови.

Немаат имот на свое име и зависат од тоа што ќе им го обезбеди семејството. Социјалното претпријатие „Виножито“ го решава токму овој предизвик – економско, но и социјално засилување на овие жени, со тоа што ги ангажира за преработка и за дехидрација на земјоделски производи со акцент на нижена пиперка, која се ниже на стар начин.

Македонка Коцева, која е основачка на ова социјално претпријатие, објаснува дека отсекогаш ги забележувала социјално ранливите граѓани, но не секогаш имала начин како да им помогне. Нанижаната сушена шарена пиперка е автентичен производ, карактеристичен за кујната од овие простори. Откако увиделе дека на пазарот речиси нема ваков производ да се купи, ги насочиле капацитетите да произведуваат везена сушена пиперка и да ангажираат жени што се вешти во оваа работа.

Таа објаснува дека со „Виножито“, можеби, не успеваат да решат крупен општествен проблем како што е исклученоста од пензискиот фонд на лицата што работеле, но сè до стапувањето во сила на одлуките за социјална пензија, носат надеж.

– Носиме надеж во една рурална микросредина дека една посебна група граѓани, барем во есенскиот период може да смета на зголемување на своите лични приходи и тоа преку сопствен труд. Сопствен труд е клучниот договор затоа што тоа е најдостоинствениот начин некој да си ги зголеми скромните приходи – не преку помош, туку преку сопствен труд. Тоа звучи гордо – објаснува Коцева.

Таа додава дека сите заедно размислуваат за зголемување на капацитетите. Минатото лето работеле на изградба на покриен работен простор, а понатаму ќе се опремува со сè што е неопходно.

Сите вклучени жени се од руралните региони на општина Радовиш. Речиси сите се земјоделки и имаат исклучителни вештини за земјоделски работи, но и за ракотворби.

 

 

 

 

– Се вклучуваат од три до седум жени дневно, а досега се вклучени 20-ина. Дневно се ниже толку пиперка колку што е набавена, а работните часови варираат од два до пет часа најмногу бидејќи тие се вешти и многу брзо работат. Да имаме капацитет за складирање би можеле да нанижеме и исушиме и повеќе од 10 тони во сезона – вели Коцева.

 


 

meta.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close