fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Снег, дожд и ветер

На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Во северните и западните делови се очекува да наврнат од 5 до 10 см снег, а на северозапад и над 15 см нов снег.

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи претежно од снег, долж Повардарието од дожд и снег, а на југоистокот дожд. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови.На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Во северните и западните делови се очекува да наврнат од 5 до 10 см снег, а на северозапад и над 15 см нов снег.

Попладне ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од снег. Попладне ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 3 степени.

Од среда следува период на стабилно време, во четврток со засилен северен ветер.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close