fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Дали премиерот и земјоделците живеат во различни света, реакција на Игор Мирчески

Ако навистина бевте за тутунарите, зошто исплатата на субвенциите од март ја пропишавте до крај на декември?Знаете ли дека тутунарите кои први го предадоа својот род се оштетени за повеќе од 1 евро по килограм?

Реакција на Игор Мирчески, по повод излагањето на премиерот Димитар Ковачевски на седницата за пратенички прашања

Почитуван премиер

Слушајќи ве денес како од говорница се фалите со „успесите“ кои вие како влада сте ги постигнале во земјоделието, човек не може, а да не се запраша дали вие зборувате за Македонија или некоја друга земја бидејќи изгледа вие и земјоделците живеете во различни светови.

А за она што од говорница го изјавивте за откупот на тутунот можеби и некој од граѓаните и ќе ви поверува ,но верувајте тутунарите се крстат и чудат од ова што го зборувате. Вие јавно тврдите дека како влада ќе испишете историја во тутунопроизводството, па можеби и сте во право, но таа историја ќе биде како вие успеавте најголемата традиционална култура, ТУТУНОТ во Македонија полека но сигурно да изумира. Кога веќе се фалите дека е постигната „историски“ највисока просечна откупна цена на тутунот од 290 денари редно е да кажете и дека производната цена на килограм тутун е 240 денари која исто така е највисока.

Затоа премиере, знаете ли според инфлацијата со која сме најлоши во Европа колку вредат денес тие „историски“ 290 денари со кои вие се фалите?! Двојно помалку од ланските 200 денари. Колку вредат во моментов 80 денари субвенција по килограм, сума проектирана во далечната 2017? Исто колку и 30 денари пред неколку години.

Знаете ли дека тутунарите кои први го предадоа својот род се оштетени за повеќе од 1 евро по килограм? А тоа им беше целокупна заработка. Премиере ако вие навистина бевте за тутунарите зошто ги исфрливте од мерката Зелена нафта? Ако навистина бевте за тутунарите, зошто исплатата на субвенциите од март ја пропишавте до крај на декември? Ако навистина сте за тутунарите, еве ви шанса да ги поткренете цените по класи за оваа реколта, бидејќи самите се фалите дека ВИЕ сте ги поткренале цените за претходната реколта, значи имате моќ да го направите тоа а ако не го направите или сте против тутунарите да имаат повисоки откупни класи или ги манипулиравте дека вие сте ги поткренале цените на класите а не дека тоа било поради курсната разлика меѓу евро-долар. Затоа премиере, не треба вие сами да се фалите колку работите за нас тутунарите, тоа ние да ќе ви го кажеме!

И за крај почитуван премиере, со вашите историски 290 денари ние не можеме да ги платиме ни сметките а камо ли да се спремаме за новата реколта, па ако и субвенцијата ја исплатите според вашиот план до декември дури тогаш ќе испишете историја, како 100.000 луѓе со една одлука на влада стануваат социјални случаи.

Со почит

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close