fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Премиерот Мицкоски вели – Нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање

Нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање и дека детектирани се проблемите, Владата дејствува, а новиот буџет има развојна компонента и индикаторите ќе бидат уште подобри.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио на МРТВ на тема „Буџет 2025“ на тема пензии и ПИОМ истакна дека ставот на Владата е дека нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање и дека детектирани се проблемите, Владата дејствува, а новиот буџет има развојна компонента и индикаторите ќе бидат уште подобри.

„Суштината е дека ние преку овој двостолбен задолжителен пензиски систем оваа дупка во државниот пензиски столб ќе се проширува уште некое време, отприлика до 2030 година и потоа кога ќе почне подинамична исплата од вториот пензиски столб, тогаш ќе биде поинаку. Ние како Влада имаме и втора опција како што направија Полска, Унгарија, Балтичките земји да го национализираме и се да биде државно. Еден закон се носи, се национализира вториот столб и дупката ќе ја нема, но дали е вистинска мерка има различни мислења.  Има мислења дека треба, други викаат не треба, и во состојба во која сме така можеме да кажеме дека дупката ќе се продлабочува, населението старее, придонесите се тие коишто се, пензиите се тие коишто се“, рече премиерот Мицкоски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close