fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Променливо облачно и потопло со локален дожд

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и значително потопло, во утринските часови со локален дожд. Попладне ќе биде нестабилно, претежно во западните делови со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен југоисточен ветер, со брзина и над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

 

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во некои делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 21 степен.Според УХМР, утре претпладне ќе има услови за локален дожд, а потоа ќе следува сончево време со мала до умерена облачност и значително потопло со температури кои од недела на повеќе места ќе надминат 25 степени

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close