fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Премиерот вели има поевтинување на прехрамбените производи

Со мерките намалена е финалната цена на основните прехранбени производи, вели Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски  оцени дека во услови на висока инфлација во Европа, со мерките што се преземени намалена е финалната цена на основните прехранбени производи. Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има замрзнување на цените на производите, Ковачевски рече дека таква мерка имаше пред почетокот на кризата, по што уследи мерката за ограничување на маржите за пет и 10 проценти на одредени производи.

– Имавме замрзнување на цените на почетокот на кризата. Меѓутоа, доколку ја замрзнете цената под цената, под вкупните трошоци за производство на одреден производ, тогаш веднаш ќе се јави недостиг на пазарот. Затоа после мерката на замрзнување се оди на мерката на ограничување на маржите при што кога се направи мерката за ограничување на маржите, исто така, се преговараше со трговците и тогаш дел од трошоците коишто се сметаат за маркетинг трошоци и промоција и поставување во маркетите се тргнати од маржата и трговците практично имаат 5 проценти маржа за одредени производи и 10 проценти за други основни прехранбени производи без можност да вкалкулираат дополнителни трошоци коишто ја менуваат финалната цена. Така дојдовме до намалување на финалната цена на основни прехранбени производи во време на висока инфлација во цела Европа, рече Ковачевски, при посета на компанија корисник на државна поддршка.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close