fbpx
ВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Препорака за подобро опоравување на растенијата после доцни пролетни мразеви

Доцните пролетни мразеви во овој период кај голем број земјоделски култури не само што не се  добредојдени туку може да нанесат и големи штети, особено кај коскестите овошни видови, кои веќе се во фаза на прецветување или заврзување на плодови. Меѓутоа производителите со помош на одредени биостимулатори може да им помогнат на растенијата за истите подобро и побрзо ги совладаат штетите кои им ги нанеле ниските температури. Кога станува збор за примена на биостимулатори во стресни ситуации, најдобро е истите да се применуваат превентивно пред појава на стресната ситуација или веднаш потоа, препорачливо е во вакви ситуации биостимулаторите да се применуваат во блок третамини од барем три пати со цел постигнување на најдобри резултати. За таа цел може да се употребат следниве биостимулатори и комбинациите меѓунив:

Fitofert Humisuper 10:5:10 (покрај макро и микро елементи содржи и хуминска киселина, амино киселини и олигосахариди). Доза на примена: 3 – 5 L/ha.

Fitofert Humisuper Plus 8:4:8 (покрај макро и микро елементи содржи и хуминска киселина, амино киселини и олигосахариди). Доза на примена: 3 – 5 L/ha.

Fitofert Aminoflex (аминокиселини) – Се карактеризира со одлична антистрес активност, стимулација на активноста на ензимите и исхраната на растенијата. Доза на примена: 2 – 3 L/ha.

MILLERPLEX NPK 3-3-3 (освен макро елементи содржи и екстракт од морски алги – Ascophyllum nodosum, цитокинини, бетаини, јагленохидрати и витамински комплекс (ROCHE)). Доза на примена: 500 m L/ha.

BM86 (биостимулатор кој се применува за подобро оплодување и заврзување на плодови, ја зголемува содржината на хормони за цветање а во стресни услови придонесува за нивно побрзо и подробро совладување. Содржи: патентирана активна материја GA 142 – Ascophyllum nodosum, бор, молибден, магнесиум и сулфур). Доза на примена: 3 L/ha. Се препорачува примена непосредно пред паѓање на мразевите или веднаш после нив во рок од 24 часа. Може да се примени во комбинација со биостимулаторот Epin ekstra.

ALGAMIX (биостимулатор кој содржи екстракт од морски алги, фосфор, калиум, органска материја, алгинска киселина и манитол). Доза на примена: 1.5 – 2 L/ha.

EPIN EKSTRA (24R – brasinolid – антистресен хормон). Доза на примена: 100 – 150 mL/ha.

Препорачани комбинации:

  1. Fitofert Humisuper + Fitofert Aminoflex
  2. MILLERPLEX NPK 3-3-3 + EPIN EKSTRA
  3. BM 86 + EPIN EKSTRA ИЛИ Fitofert Aminoflex
  4. ALGAMIX + EPIN EKSTRA ИЛИ Fitofert Aminoflex

Напомена: Препорачаните биостимулатори и комбинациите меѓу нив не заштитуваат од мраз или други стресни ситуации, тие придонесуваат за побрзо и подобро нивно совладување.

Ефтим Петковски

Хемомак пестициди

 

 

Слични написи

Back to top button
Close