fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

ВИДЕО: Приказната која ја трогна јавноста

"Би сакал ако може некој да ни додели еден лап топ да можиме да ја следиме наставата и кога ќе заврши пандемијата би можеле да му го вратиме "

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски објави дека со лични средства од вработени од општината набавивме два лап топ компјутери кои викендов ќе се инсталираат со потребен софтвер и во понеделник ќе бидат врачени на семејството чии деца сведоаче дека немаат средства како да ја следат онлајн наставата во документарен филм кој го објави Види вака. Средношколецот Мите Драгишевски и неговата сестра катерина Драгишевска побараа наивно само да користат лаптоп па дури и да ги вратат кога ќе немаат потреба од нив

„Воедно ќе се обидеме да им обезбедиме и интернет мрежа во зависност од техничката можност на оператерите. Дополнително Општина Куманово отвори постапка за набавка на таблети во износ од 2.500.000 (средства пренаменети од новогодишно украсување на градот) и оваа опрема штом ќе биде набавена ќе се дистрибуира до основните и средните училишта во Куманово а е наменета за учениците од социјално загрозените семејства, напиша Димитриевски.

Од Види Вака попладнево рекоа дека добиле стотици пораки со желби за донирање компјутер за семејството Драгишевски, парична и друг вид на помош. „Вашите пораки ги пренесовме до семејството и во нивно, како и во име на тимот на Види Вака неизмерно Ви се заблагодаруваме.

Компјутери за Катерина и Мите, како и за останатите деца во селото се веќе обезбедени.
Ве охрабруваме сите кои сакавте да помогнете на деца кои немаат компјутери, да се поврзете со Борче Стаменов и Донирај Компјутер – Борче Стаменов кој веќе има листа на деца на кои сме им потребни. Заедно со Здружението на млади правници, Macedonian Young Lawyers Association , работиме на изнаоѓање системско решение за семејството да добие постојана парична помош од државата, а во исто време без пречки да може да ги прими сите Ваши донации на сопствена сметка, стои во објавата

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close