fbpx
ВестиТоп вести

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕ НАПРЕДНИ ЛОЗАРИ

Почитувани производители на грозје, почитувани сограѓани, почитувани новинари,

Ние, од УПРАВНИОТ ОДБОР на НАПРЕДНИ ЛОЗАРИ, во оваа прилика со жалење ја известуваме јавноста дека преработувачите и откупувачите на грозје, пред се сопствениците на големите и средни винарии, и оваа година не собраа храброст и не покажаа доблест, лозарскиот дел од колачот во лозаро-винскиот бизнис ни го остават нам на лозарите, на лозаропроизводителите, на произведувачите на грозје, објавува здружението на профилот на фејсбук.
Покрај големиот профит од производство и продажба на вино, преработувачите на грозје остваруваат екстра и екстра-екстра профит на тој начин што профитот од производство на грозје веќе три децении, наместо кај производителите на грозје завршува кај нив а лозарите во текот на производството на грозје се соочуваат со многу проблеми, маки, пот, страдања, секојдневна борба со земјата и изложеност на сите метеоролошки и атмосферски услови.
Потпомогнати од досегашнигте политички структури, кои во зависност од временски период беа со различна политичка обоеност винариите покрај винскиот монопол остварија монопол и на откупот на грозје. Без разлика на политичката обоеност, водени единствено од интересот, овие веќе мега преработувачи на грозје, заслепени од со децении брзото богатење, три децении наназад го обезвреднуваа нашиот производ и истиот го доведоа до деереџе, речиси под прагот на рентибилноста и под секаква профитабилност.
Перфидноста на оваа игра оди то даму што е очигледно дека на влијанието на овие вински структури до сега не била имуна ни една власт а не е имуна ни сегашната Влада, ни Министерството за земјоделие, ни подрачните единици за земјоделие.
Исто така на овие влијанија не се имуни ни локалните власти на чело со градоначалникот на општина Кавадарци сосе цела локалната самоуправа Кавадарци, а ни актуелниот пратеник кој во собранието најмногу ја потенцира проблематиката со грозјето Панчо Минов. Секоја чест за нивната декларативна заложба за лозарите но на наша несреќа заложбата е сепак само декларативна.
Сите како да “СЕ БРАНАТ СО МОЛЧЕЊЕ“. Молчат винариите, молчи Владата, молчи Министерството за земјоделие, молчи локалната самоуправа, молчат кавадаречките пратденици. Сите едноставно МОЛЧАТ.
“СЕ БРАНАТ СО МОЛЧЕЊЕ“ од производителите на грозје, од лозарите, од народот тиквешки. “СЕ БРАНАТ СО МОЛЧЕЊЕ“ пред маките на лозарите, пред ладната пот која ноќе им ги топи перниците од мислачки што да прават со нивниот производ на кого потрошиле уште една година. “СЕ БРАНАТ СО МОЛЧЕЊЕ“ пред потта лозарска, пред мизеријата која не чука на вратите ами е веќе влезена во лозарските домови.
Ги прашуваме СПОМНАТИТЕ јавно: ЗОШТО МОЛЧЕТЕ? Чии се наредбите за ваков МОЛК? До кога оваа срамна игра чиј епилог е на лозарите да им остане само потта и маките? Пак ли истиот трик? Иситиот ли трик, истата ли лозарска илузија им ја нудите на лозарите наместо вистинска заштита на нивниот производ? И после оваа наша реакција ли ќе молчите? Ве повикуваме јавно да кажете не само пред тиквешката ами пред цела македонска јавност ШТО СТОРИВТЕ ЗА ЛОЗАРИТЕ ОВАА ГОДИНА и ако сеуште не сте сториле КОГА И ШТО ПЛАНИРАТЕ ДА СТОРИТЕ.
Или можеби се спремате за таканаречената манифестација “ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР“ Каква иронија: “ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР“ без тие, на кои и се однесува насловот на манифдестацијата.
ВИСТИНСКАТА БЕРБА, ВИСТИНСКИОТ ГРОЗДОБЕР, кој се случува на на лозјата а не на штандовите на плоштадот преполн со естрадни уметници (лани се допре и до Цеца), онаа ИНСТАНТ берба, оној ИНСТАНТ ГРОЗДОБЕР, винската фела на лозарите им го претвори во ноќна мора.
Па господа, манифестацијата не се вика “ТИКВЕШКИ ФЕСТИВАЛ НА ВИНОТО“ ами “ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР“, која манифестација е прва во Македонија и пошироко.
Во Кавадарци не се случува гроздобер, во Кавадарци се случува грозница во која согорува надежта на лозарите, се случува ноќна мора од која лозарот се повеќе ја губи душата и се претвара во роб. Огнометите за лозарите се како некој жар да им ставил на срцето.
Затоа на овој прес сакаме да ја пренесеме следната порака:
КОНЕЧНО СЕ ОСВЕСТИВМЕ и повеќе нема со нашата мака и пот да ве богатиме нечии идни потомци до 239 колено.
Благодарение на мизерно-ефтината сировина во што го претворивте нашиот производ – грозјето, ги обезбедивте вашите идни 239 колена потомство. И тоа на сметка на маката и потта на лозарите.
А лозарите пак се доведени до до работ на егзистенцијална пропаст, не можат ни децата да си ги задржат дома. Им бегаат надвор во некои нормални земји, со нормални економии каде живеат нормален живот односно живот каков што решиле да го живеат.
НАМЕСТО ДА ГО ЖИВЕАТ ЛОЗАРСКИОТ СОН НА ТАТКОВСКИТЕ ОГНИШТА, ЗАМИНУВААТ КОЈЗНАЕ КАДЕ, КАДЕ САМО ЌЕ ГО СОНУВААТ ЛОЗАРСКИОТ СОН.
Затоа, ние лозарите решивме да го отфрлиме тешкиот јарем кој ни го товаривте на плеќите, решивме да престане тешката експлоатација врз нас и да си ги задржиме нашите деца дома, така што ќе го заштитиме нашиот дел од лозаро-винскиот колач, оној лозарскиот. НИ ЕДНА СТОТИНКА ОД НАШИОТ ДЕНАР повеќе не ви оставаме, не ви даваме.
Всушност, ние лозарите и немаме што да изгубиме. По цена и да згасне лозарската приказна во Тиквешијата и пошироко во винските региони во Македонија ние лозарите немаме намера повеќе бесплатно да ви го остапуваме нашиот производ.
Ние знаеме да произведеме квалитетно грозје. РЕШИВМЕ ДА ПРЕСТАНЕМЕ ДА ВИ ГО ДАВАМЕ ДА НИ ГО “откупувате“ по цени кои се поблиску до одредницата бесплатно отколку до реалните цени, кои во нормалните економии се минимум евро за килограм откупено грозје од најевтината сорта грозје па и до 6 евра за килограм откупено грозје.
“Вашите“ цени за оваа година, благодарение на вештите манипулации со шеќерните единцици, се пониски и од ланските за 2 – 3 денари. На пример килограм грозје од сортата шардоне ланската година со 20 шеќерни единици го плаќавте 19 денари а оваа година три денари помалку – 16 денари. Вранецот ланската година на 19 шеќерни единици го плаќавте 13 денари а сега 13 денари ќе добиеме ако нашиот вранец ви го донесеме со 21 шеќерна единица.
Нашите барања оваа година се сеуште далеку под реалниот минимум. Баравме за смедеревката цена од 25 денари а за вранецот 30 денари. На минатонеделниот состанок, за да не бидеме ептен непопустливи и заради “ШОКОТ ВО КОЈ ПАДНАВТЕ“ од нашите реални барања, нашите црвени линии ги спуштивме на 16 денари за смедеревка до 17-18 денари за вранец. Од вашиот агол се слушаше само МОЛК. Не се обидовте ни да ги приближите вашите црвени кон нашите црвени линии. И понатаму МОЛК
За да произведе еден килограм грозје од најзастапените сорти на грозје смедеревка и вранец производителот треба да издвои 17 денари. Значи, производната цена на еден килограм грозје од било која од овие две сорти на грозје е 17 денари. Неа ја сочинуваат трошоците за режење, собирање прачки, изнесување, 4 – 6 пати орање, 5 – 6 пати прскање, купување на енормно скапи препарати, купување на енормно скапо вештачко или арско ѓубре, ѓубрење, обработка на земјата, препарати за прскање на тревата, полевање по цени од 800 до 2000 денари од декар во зависност од каде се врши полевањето, подготовки за берба, плаќање берачи, берба, небаждарени ваги, до 50 % потешки нето гајби и ред други трошоци. Кога сите овие трошоци ќе се засметаат во производството на еден килограм грозје, се добива цена од 16 – 17 денари, а ако на тоа се вкалкулира и коштањето на работната рака на членовите на семејството кое го обработува лозовиот насад цената ја надминува границата од 20 денари по килограм.
Сево ова Ви беше јасно презентирано на состанокот. Дури се побара од ваш претставник да се произнесе по ова прашање. Повиканиот одговори дека не сака да се произнесе.
Заложбата на Министерот за земјоделие, Градоначалникот на општина Кавадарци и пратеникот во собранието на РМ од Кавадарци Панчо Минов дека се на страната на лозарите како што рековме е само декларативна, бездушна и без тежина. Тоа се потврдува и сега кога од нивна страна добиваме само МОЛК иако се пробиени сите рокови, иако бербата е веќе фактички започната.
Ваквиот индолентен, нечувствителен, речиси рамнодушен па дури и мрзелив однос кон ова наше горливо прашање, укажува или посочува, наведува кон констатација и разбирање дека моменталниот политичкиот естаблишмент и сите останати носители на политичка и воопшто државничка моќ не се спремни да попречат вакви неправди.
Како и да е, во конкретниот случај, пред нас лозарите се истопорени две пречки, преработувачите на грозје од една страна и политичкиот естаблишмент од друга страна.
ИМ СЕ ОБРАЌАМЕ ЈАВНО на факторите од власта почнувајќи од Премиер па до последен директор и ги известуваме, а на знаење на преработувачите на грозје дека од овој момент ќе ги искористиме сите наши демократски права и ќе превземеме мерки на протести и блокади и сите останати демократски дозволени средства се додека не се испонат нашите барања, а тие се:
1. Владата на чело со Премиерот и Министерот за земјоделие да превземе итни мерки на отварање на границите и овозможување безцарински извоз на грозје во земјите од опкружувањето и пошироко;
2. Да се повикаат сите заинтересирани купувачи на грозје од регионот и да им се овозможат нормални услови за откуп на грозје на овие субјекти. За ова итно да се повикаат амбасадорите на земјите од непосредното опкружување;
3. Цената на грозјето да се формира од страна на ценовниот Одбор на Здружението Напредни Лозари и во цената нема да има никакво мешање од страна;
4. Да се одреди производна цена на килограм грозје како основа за формирање на цените при откупот на грозјето;
5. Ги прифаќаме сите понуди на цените на домашните откупувачи доколку владата изврши субвенционирање на цените до постигнување на откупни цени со кои ќе се отиде барем нешто над покривањето на трошоците за производство. Ова важи само за оваа реколта.
6. Да се обезбеди ангажман на екесперти од Министерството за земјоделие, експерти од земјоделскиот факултет, претставници на сите Здруженија на лозарите под капата на “Напредни Лозари“, по можност лозаро-винарски субјекти и експерти од соседните земји и пошироко од регионот и поранешните ЈУ простори, за унапредување како на процесот на одгледување и одржување на лозовите насади по сорти грозје, така и на поставување на темелните основи на идните реални кооперантски односи и планско производство на грозје на краткорочен, среднорочен и долгорочен план.

Срдечно ваши,
Здружение на лозарите “Напредни Лозари“

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close