Вароозата е ектопаразитарна болест на медоносните пчели и пчелното легло предизвикана од крлежот Varroa. Крлежот преку целата година паразитира во пчелната заедница хранејќи се со хемолинфата на пчелите, ларвите и куклите.
Морфолошки карактеристики на паразитот
Постојат женски и машки единки на паразитот. Женските единки паразитираат на возрасните пчели и на пчелиното легло, додека машките паразитираат само во пчелното легло.
Возрасната женка е долга 1,0 – 1,77 mm, а широка 1,5 – 1,9 mm што говори дека е видлива со голо око.
Телото е темно кафеаво – црвена боја, овално покриено со хитински штит, од горната страна испакнато а, одоздола рамно.
Ширење на вароозата
Ширењето на вароата се врши на следните начини:
- Со купопродажба на матици, пчелни семејства и роеви заразени со крлежот.
- Со грабеж.
- Со залетување на заразени пчели во здрави кошници.
- Со селење на заразени пчелни семејства.
- Преку трутовите.
- При паша.
- Со спојување на заразено и незаразено пчелно семејство.
- Преку осите.
Утврдување на вароата во пракса
Секој пчелар треба да знае како да го утврди присуството на болеста на својот пчеларник. Постојат неколку методи а, најпрактични се:
- Со поставување на бела хартија на подницата и преглед на отпадокот.
- Со фаќање на повеќе пчели и нивен преглед на живо.
- Со фаќање на пчели на стакло намачкано со мед и преглед на долните делови на телото.
- Со жртвување на 100 пчели во стаклен сад и преглед на зидовите од садот.
- Со преглед на трутовско легло.
Биолошко – механички методи на сузбивање на вароата
- Употреба на рам градилник
- Сечење на трутовското легло од рамките
- Жртвување на првото и последното пчелно легло
- Издвојување на затворено легло
- Формирање на нуклеуси
- Блокирање на матицата
- Промена на матицата
- Измена на саќе
- Подигање на сандаците 60 – 70 sm од земја
Физички методи на сузбивање на вароата
- Употреба на мрежести подници
- Употреба на топлотни комори
- Употреба на ламели со графитни влакна со напон од 12 V
- Употреба на термо – топлотна касета на летото
Хемиски методи на сузбивање на вароата
- Средствата да ги употребува во точно определените дози и на начинот одреден во упатството
- Да ги употребува средствата при отсуство на легло или кога леглото е во помал обем
- Да ги употребува кога нема медишта и задолжително отстранување присутните хемиски средства 15 дена пред поставувањето на медиштата
- Надворешните температури да не се пониски од 100 С и не повисоки од 280 С
Табеларен преглед на класичните акарициди, начинот на нивна примена и дозирање
Активна супстанца | Дозирање | Примена |
ФЛУВАЛИНАТ | 2 стапчиња на пчелносемејство, 80 – 100 mg по стапче | Во тек на 35 дена во ранапролет и есен |
КУМАФОС | 5 ml на рамка | 2 третирања во интервал од7 дена |
ЦИМИАЗОЛ | 2 gr во 100 ml вода за пчелно семејство | 2 третирања во интервал од7 дена |
БРОМОПИЛАТ | 1 стапче на пчелно семејство | 4 третирања во интервал од4 дена |
Табеларен преглед на класичните акарициди, начинот на нивна примена и дозирање
Активна супстанца | Дозирање | Примена |
МРАВЈА КИСЕЛИНА | 60 или 85% | 3-4 третирања во интервалод 5-7 дена |
МЛЕЧНА КИСЕЛИНА | 15% по 5-8ml на секојастрана од саќето | 2 третирања во интервал од7 дена |
ОКСАЛНА КИСЕЛИНА | 2,1% по 3-4 ml на секојастрана од саќето | 2 – 3 третирања |
ТИМОЛ | 0,25 gr по меѓурамковенпростор | 3 третирања во интервал од7 дена |
АПИ ЛИФЕ ВАР | 20 gr по пчелно семејство | 2 третирања во интервал од2-3 недели |
Петар Трајковски, Советник во АПРЗ