fbpx
ВестиТоп вести

Земјоделците прават штета и на нивите и на својот џеб кога ги палат стрништата

Топлите есенски денови се погодија па забрзано финишира жетвата на оризот. Но со прибирањето на родот веднаш започнуваат и една од најдеструктивните појави -палењата на стрништата.

Оризовата слама има поголем процент на лигнин, заради што потешко се разлага во почвата и земјоделците за да не прават дополнителен трошок да ја изнесуваат од нивата се одлучуваат за најлошото можно решени-палењето иако несвесно со тоа сами на себе си прават огромни штети. Најголемите штети се тоа што со палењето се уништуваат микроорганизмите кои се наоѓаат во површинскиот слој на почвата кои заедно со хумусната маса и азотот која ќе согорат се онаа компонента која дава поголем род и почвите се деградираат во се послабо плодни.

Со палањето се уништува и живиот свет и се нарушува биодиверзитетот а облаците чад кои се издигаат над кочанскиот регион ги дишат децата и внуците токму на земјоделците кои ги палат стрништата.

Сите експерти се во едно сложни дека со палењето нема никаква корист земјоделецот туку само штета си прави на своите ниви и на својот џеб. Палењето оган е само навидум добар слуга но е лош господар.

Неконтролираниот оган лани за малку ќе дигнеше во воздух бензинска и плинска пумпа близу оризовите полиња а е сериозна закани за имотите и животите на соседите на тие што свесно ги палат.

Иако има законски казни кај нас тие не се практикуваат но затоа пак во Хрватска моделот на условени субвенции дава одлични резултати. Таму ако палиш стрниште единствено што ќе изгори се парите од субвенции .

Според нивниот правилник за управување со жетвени остатоци кој кај нас недостасува субвенции може да земе само земјоделец кој не ги пали жетвените остатоци.

Извор: канал5

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close