fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Придобивка за земјоделството-Камионите повеќе не чекаат на границите поради добрите договори на „Отворен Балкан“

Главната придобивка за земјоделството од потпишаните договори во рамки на иницијативата „Отворени Балкан“ е што се усогласени лабораториските процедури меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија и што повеќе нема чекање на границите поради фитосанитарна и ветеринарна контрола, изјави министерот за земјоделство Бранислав Недимовиќ.

Главната придобивка за земјоделството од потпишаните договори во рамки на иницијативата „Отворени Балкан“ е што се усогласени лабораториските процедури меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија и што повеќе нема чекање на границите поради фитосанитарна и ветеринарна контрола, изјави министерот за земјоделство Бранислав Недимовиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, министерот Недимовиќ во интервју за денешна „Политика“ коментирајќи ги договорите на трилатерално ниво потпишани во Тирана, кажа дека резултатите во подобрувањето на трговската размена се веќе видливи и дека годинава извозот од Србија во Северна Македонија е зголемен за 15 отсто, а во Албанија за 19 отсто.

– Во случајот со Албанија, во првите десет месеци, Србија го надмина вкупниот резултат од минатата година, изјави Недимовиќ.

Тој додаде дека за разлика од претходниот период кога ветеринарната и фитосанитарната инспекција работеше 24 часа од едната страна на границата, а од другата не работеше, сега таа работа е уредена така што сите работат континуирано, седум дена во неделата.

Тој посочи дека за стопанствениците е важно што се усогласени лабораториските анализи, според кои она што е анализирано во Скопје важи и во Белград и во Елбасан или каде било на друго место.

-Ова беше камен на сопнување во минатото, но веќе го нема. Сега се оди до царинската испостава, таму се книжат хартиите и робата оди во продажба таму каде што е треба. Тоа е главното достигнување на „Отворен Балкан“ за земјоделството, подвлече Недимовиќ.

Размената меѓу Србија и Северна Македонија во земјоделскиот сектор изнесува 260 милиони евра, а со Албанија 70 милиони евра.

Според податоците на срскиот Републички завод за статистика, Србија во Северна Македонија најмногу извезува житарки и производи од житарки, зеленчук и овошје, млечни и други прехранбени производи и преработки. Речиси половина од увозот од Северна Македонија во Србија се зеленчук и овошје.

Во случајот на Албанија, житарките исто така се на прво место во извозот, а потоа следат пијалоците, производите од зеленчук и овошје, млекото и млечните производи. Годинава, Србија од Албанија најмногу купувала зеленчук и одредени врсти на овошје.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close