fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Сончево и топло со температури до 38 степени

Температурата утрово од 13 до 23 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се искачи од 29 до 38 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе биде 8, информираат од УХМР.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), претежно во западните делови од земјата, облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата утрово од 13 до 23 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се искачи од 29 до 38 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе биде 8, информираат од УХМР.

Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе биде од 19 до 37 Целзиусови степени.

Утре, според информациите од УХМР, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови особено во западните делови ќе има појава на пороен дожд и грмежи проследени со засилен ветер.

Во Скопје, времето и утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајна нестабилност, информираат од УХМР

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close