Пријавување штети од „Јазлеста кожа“
Сточарите кои имаат штети од добиточната болест „јазлеста кожа“ ќе добијат обештетување од државата. Барањата треба да ги достават во подрачните единици на Агенцијата за ветеринарство.
Вакцинирањето почна од најзагрозените подрачја во источна Македонија со донацијата од Европската Унија со вкупно 50.000 вакцини. Наскоро се очекува да пристигнат и другите набавени вакцини за целиот добиточен фонд во говедарството.
Бројот на заболени и сомнителни животни е 0,3 проценти од вкупната популација на говеда во земјава, што е многу помалку во споредба со соседните Бугарија и Грција, каде што се регистрирани скоро 7.500 случаи на болеста.
Според Агенцијата за ветеринарство, навреме се преземаат сите мерки за заштита и за спречување на ширењето на болеста, а сточарите треба да се придржуваат до препораките за заштита на животните и на фармите.