
Пријавување за субвенции на плати за овчарите
Овчарите можат да конкурираат за субвенционирање на платите во висина до 80 проценти од месечната бруто плата. Пријавувањето е во тек, а крајниот рок за поднесување на барањата е до 30-ти ноември.
За чување и пасење на овци, кози или говеда на ливади кои се наоѓаат на надморска височина поголема од 700 метри сточарите можат да поднесат барање за субвенционирање на платите.
Поддршката изнесува 80 проценти од просечната месечна брутоплата во оваа дејноста во периодот од први ноември 2015-та до 31-ви октомври оваа година.
Помошта е неповратна, а се добива за едно вработено лице на 150 овци, 50 кози или 80 говеда.
Максималниот износ е до 300.000 денари по лице за најмногу 20 вработени.
Право на користење имаат регистрираните земјоделски стопанства, а огласот ќе трае до 30-ти ноември 2016 година.
Оваа мерка се применува неколку години по ред и во просек се исплаќаат од 5 до 6 милиони денари годишно за да се задржат овчарите кои ги има се помалку за чување на македонските стада.





