fbpx
Вести

Земјоделците да користат современи технологии за поголема конкурентност

zemjodelcite da koristat sovremeni tehnologii za pogolema konkurentnost

Целта на конференцијата е да се зближат двете индустрии за подобро да ги разберат своите потреби и барања. На овој начин компаниите од двата сектори ќе се насочат каде да најдат информации, извори на средства за работење и за проширување на својот бизнис

Преку користење на информатички технологии фармерите и агрокомпаниите ќе дојдат до поголем профит, поголема конкурентност, а истовремено ќе ги намалат трошоците во работењето. Ова е констатација на дводневната конференција „ИКТ во агробизнисот#, која ја организира Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ).

Директорот на „Агфутура”, Благоја Муканов вели дека земјоделците користат информатичко-комуникациски технологии, но дел од нив не се свесни за тоа. Затоа е потребна поголема информираност и насочување како да ги користат овие технологии во своето производство.

– Целта на конференцијата е да се зближат двете индустрии за подобро да ги разберат своите потреби и барања. На овој начин компаниите од двата сектори ќе се насочат каде да најдат информации, извори на средства за работење и за проширување на својот бизнис. Целта е од една страна земјоделството да се соочи со модерните предизвици, како ограничените ресурси и недостатокот на храна, а од друга страна во ИКТ секторот се отвора нов пазар кој дополнително помага за остварување на поголем раст на секторот и на целата економија, вели Муканов.

Според министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска со спојување на овие два сектори се отвораат можности за соработка и за поголем профит на компаниите од двата сектори.

– Земјоделството како економска гранка зазема 11 проценти од БДП и тука се гледа целосниот потенцијал којшто оваа дејност може да го има во иднина. Но, неопходно е со помош на технолошките компании и добрите технолошки решенија да се оди напред. Денеска е невозможно да се гледа на примената на современите технолошки решенија како можност за развој на земјоделските компании, туку како неминовност бидејќи доколку тие дигитално не го трансформираат својот бизнис нивната иднина е сосема неизвесна, смета министерката Арсовска Томовска.

Од ПроКредит Банка која е најголем кредитор на агросекторот велат дека се вклучиле во оваа конференција со цел да поттикнат поголем апетит на земјоделците кон инвестиции во модерна технологија.

– Она што е можно да направиме е конкурентно, оптимално производство и конкурентен производ кој може да се пласира и надвор од земјата. Целта е да ги запознаеме земјоделците за можностите кои им ги нудат модерните технологии и да ги поттикнеме да ги зголемат инвестициите во нив, вели Емилија Спировска од Прокредит банка.

Според МАСИТ, иницирањето дијалог меѓу ИКТ и агробизнис заедниците е голем предизвик. Затоа, се покренати прашањата како двете индустрии да соработуваат повеќе и како да постигнат максимален бенефит од остварената соработка.

– Да им помогнеме на земјоделците во Македонија да разберат како до дојдат до прецизно фармерство, до поголема продуктивност и поголема ефикасност. Затоа втора година по ред сме фокусирани на тоа да му покажеме на агробизнисот како може да дојде до подобри резултати, изјави Горан Попоски, претседател на УО на МАСИТ и истовремено ги повика земјоделците да бидат поотворени кон ИКТ технологиите кои изминатите години се покажаа како носители на технолошкиот развој.

Како пример за примена на современи технолошки решенија која се применува во Србија на конференцијата беше посочено наводнувањето на земјоделските површини со соларни системи.

Тагови

Слични написи

2 Comments

  1. urveillez votre téléphone de n’importe où et voyez ce qui se passe sur le téléphone cible. Vous serez en mesure de surveiller et de stocker des journaux d’appels, des messages, des activités sociales, des images, des vidéos, WhatsApp et plus. Surveillance en temps réel des téléphones, aucune connaissance technique n’est requise, aucune racine n’est requise.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close