fbpx
ВестиВидео/интервјуаМеханизацијаТоп вести

Приклучна машина за  режење на лози

Режењето на ластарите во лозјето  е операција  која е потребно навреме да се  изврши за да може гроздовите правилно да се развиваат. За оваа операција е потребно и знаење и време. Со машините за режење од типот CO – VBC оваа активност може  лесно и брзо да се заврши.

Станува збор за машина која се приклучува на предната страна на тракторот, што на работникот му овозможува да има добар видик и контрола на режењето. Тракторот на која се приклучува оваа машина треба да има снага од 20 – 30 КС. Машината тежи 170 кг и има хидраулично подесување  и по должина и во висина. Машината располага 420 мм нерѓосувачки  ножеви кои  освен во висина може да нагодуваат да се движат странично  лево и десно. Потеклото на машината е од Р. Италија , а производител е фирмата VBC.

 

Ова е машина која обврската за режење ја претвора во задоволство.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close