ЕУ ја продолжи употребата на канцерогениот глифосат на пет години

Европската унија ја продолжи лиценцата за употреба на глифосатот и покрај предупредувањата на активистите за заштита на животната средина дека е канцероген.

Глифосат е компонента на Раундуп (Roundup), светски популарен хербицид, и ќе се користи во земјоделството и во следните пет години.

Активисти за заштита на животната средина бараа забрана за употреба на глифосат, по тврдењата дека неговата употреба е поврзана со ракот.

Земјоделците, кои тврдат дека супстанцијата е безбедна за употреба, бараа дозвола за негова употреба 15 години.

Меѓународната агенција за истражување на ракот, објави дека глифосат е „веројатно канцероген за луѓето“, но неговата забрана ќе го потресе земјоделскиот сектор во Европа, поради неговата широка употреба.

Актуелната дозвола истекува во декември.

Share Button