вестиТоп вести

Прилепските тутунари загрижени за родот

(Oвој напис е објавен на: јули 20, 2018)

– Поради неповолните временски услови кои го погодија родот, прилепските тутунари од Министерството за земјоделство очекуваат соодветни мерки, а од компаниите да не го откупуваат тутунот „туку така“.

– Ја скениравме состојбата на терен и сме во разговори и преговори и со откупувачите и со минстерството, вели претседателот на Сојузот на тутунските здруженија Кире Неделковски.

Според него, дождот ги намали приносите, а градот што падна во трите региони, за уште 20 проценти го намали родот.

– Во пелагонискиот, радовишкиот и велешкиот регион градот направи штети на површините со тутун. Со поројните дождови, ситуацијата во моментов е незавидна. Од предвидените 28.000 тони колку што бараа откупувачите и колку што се очекуваше да биде родот, добро е ако го извадиме ланското ниво од 23.000 тони, истакнува Неделковски.

Доколку временските услови и натаму се нестабилни како деновиве, квалитетот на тутунот ќе биде полош, а тоа ќе ја намали цената.

– Се надеваме дека август, ако има доволно сонце, ќе биде пресвртница во годинашното производство, дополнува претседателот на Сојузот.

Ристе Тошески од Прилеп кој цел живот се занимава со производство на тутун, вели дека тутунот годинава израснал наеднаш. При расадувањето било жешко, а потоа следуваа поројните дождови.

– Тутунот израсна наеднаш, кревок е и му треба сонце за да добие на квалитет. Листовите се поголеми и од параметрите што се пропишани за откуп. Значи, ќе падне квалитетот доколку не го „испече“ сонцето за да добие на тежина. А годинава вложивме многу во заштитни препарати. Тешка година е. Има време во август и септември, ако има сонце да се поправи ситуацијата, ама загрижени сме. Што ако има квантитет, а нема квалитет, напоменува Тошески.

Годинава со откупувачите се потпишани 34.105 договори, издадени се 23.432 евидентни листови, а производството е на 14.669 хектари што е речиси исто како лани. Но, се уште нема ништо од барањето за зголемување на откупната цена во просек за 20 отсто.

– Откупувачите понудија мало зголемување. Ние остануваме на барањето за зголемување на цените: за прва класа 10, за втора 30, а за трета класа 20 проценти што ќе ја анулира разликата по класи. Се уште нема исход од ова, но се надеваме дека до крајот на август многу работи ќе се знаат за годинашнава реколта, вели Неделковски. е

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Back to top button
Close