fbpx
ВестиМакедонија

Протест на угостителите кои организираат свадби, ќе блокираат во Скопје

Со почеток во 14 часот протестот ќе се одржи во населбата Автокоманда на булеварот Александар Македонски од 14 ласот.

Незадоволни музичари, угостители, цвеќари, фризери и претставници на салони и музички продукции денеска ќе протестираат во Скопје три часа. Со почеток во 14 часот протестот ќе се одржи во населбата Автокоманда на булеварот Александар Македонски од 14 ласот.

МВР информира дека денеска, како и во понеделник и вторник од 14,00 до 17,00 часот најавен е организиран протест планиран на крстосницата помеѓу бул.„Александар Македонски“, ул.„16-та Македонска бригада“ и ул.„Интернационални бригади“.

Незадоволните бараат итно укинување на членот 14 од Уредбата донесена на 23.06.2020 со кој се забранува организирање секаков вид настани (свадби, крштевки, родендени) во отворен и затворен дел од угостителските објекти, бараат членките на Туристичко-угостителската комора (ТУК).

Тие бараат државата да донесе соодветни протоколи за да почнат со работа, бидејќи 11 месеци се под рестрикции а државната помош за грантови и за плати не е доволна.

Перица Голомеиќ како еден од организаторите на протестот вчера во емисија на ТВ 21, истакна дека нивната дејност не била опфатена како што очекувале со петтиот пакет владини мерки.https://faktor.mk/deneska-protest-protiv-kovid-restrikciite-na-vlezot-od-skopje

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close