вестиСоветиТоп вести

Примена на органско ѓубре(шталско ѓубре)

Шталското ѓубре е мешавина од крутиот и течниот измет на домашните
животни и простирката. Оваа мешавина на изметот и простирката подложна е после
одредено време на разлагање, и настанува зрело(прегорено) арско ѓубре. Зрелото
шталско ѓубре е сиромашно со леснорастворливи, а богато со тешко растворливи
органски материи. Процесот на разградување на леснорастворливите органски
материи не треба да биде потполн, туку треба да се прекине, тоа е обично после 2-3
месеци лежење на ѓубриштето во лето, а 3-5 месеци во зима. Натамошното разлагање
треба да се врши во почвата.
Хемискиот состав на шталското ѓубре е различен, што зависи од видот на
стоката, нивната исхрана, од видот на простирката и од начинот на спремање.

Со разградување, внесената органска материја делимично се минерализира, а
се синтетизираат и нови органски материи-хумусни материи. Хумусот е особено
значаен за почвата, бидејќи влијае на целата динамика и на сите особини на почвата.
Со внесувањето на органските материи се подобруваат физичките, биолошките и
хемиските особини. Хумусот е значаен во почвата бидеќи влијае на примање и
задржување на водата, на структурата, на водниот, воздушниот и топлотниот режим.
Количината на шталско ѓубре која се употребува зависи од расположивите
количини, од особините на почвата и климата, од квалитетот на ѓубрето и потребите на
културата.

Количините на нанесено шталско ѓубре не смее да ги премине границите
одредени од земјоделски аспект и од аспект на заштита на животната средина.
Количината на ѓубре треба да биде точно утврдена во зависност од хемискиот состав
на ѓубрето, од содржината на азот и фосфор и интензитетот на нивното искористување,
при што вкупното количество на азот што се користи со шталското ѓубре или
животинската урина не би требало да надмине 210 кг/ха годишно. Се препорачува
еден месец пред употреба на арското ѓубре, кога културите не се засеани и не е
извршено ѓубрење, да се направи почвена анализа за да се утврди точната количина
на хранливи материи во почвата со цел да се внесат оптималните количини на арското
ѓубре.

Оптималното време на примена на шталското ѓубре зависи од климата, почвата
и од степенот на зрелоста на ѓубрето. На почви со тежок механички состав арското
ѓубре може многу порано да се примени пред сеидбата, а на песокливи лесни почви
примената треба да биде што поблиску до сеидбата. Генерално најповолен период за
ѓубрење е крајот на зимата и пролет. Ако се ѓубри во есен или зима, се зголемуваат
губитоците на азот во водата, а ако се ѓубри во лето се испушта амонијак во воздухот.
Шталското ѓубре има продолжено дејство. На тешки почви се нанесува на 4-5 години,
на среднотешки на 3-4 , а на лесни почви на 2-3 години.
Арското ѓубре веднаш по
растурањето треба да се заора. Ако
со заорувањето се доцни
настануваат големи губитоци.
Вредноста на веднаш заораното
шталско ѓубре после растурањето е
100%, , после 6 саати 80%, после 24
саати 70% а после 4 дена 50%.
Длабочината на заорувањето
зависи од почвата, од количината
на употрбеното ѓубре, од степенот
на зрелоста на ѓубрето и времето
на примената. На лесна почва
треба да се заорува на 20-25 см за
да се забави разлагањето, а на
тешки се заорува поплитко 15-20 см за да се забрза процесот на разлагање. Кога се
употребува поголема количина шталско ѓубре се заорува подлабоко, а кога се
употребува помала количина се ора поплитко но не помалку од 10 см. Во летниот
период треба подлабоко да се заора за минерализацијата да се одвива поспоро, а во
зима и пролет поплитко. Шталското ѓубре на тревни површини и пасишта треба да се
нанесува секоја пролет кога времето е свежо и влажно. Препорачливо е да се
обработи земјиштето со фреза по растурањето на ѓубрето
Шталското ѓубре во принцип може да се употреби за сите култури, но
првенствено се применува за оние култури кои особено поволно реагираат. Тоа се во
прв ред окопните и поголем број на градинарски култури. Тие се пролетни култури кои
растат во топлиот период на годината, кога арското ѓубре се разлага, произведува
голема количина органска материја.
Соодветно складирање и користење на шталско ѓубре во многу ги намалува потребите
на употреба на минерални ѓубрива на земјоделските површини.
Ризикот од загадување е поголем кај течните во однос на цврстите материи на
шталското ѓубриво применети под еднакви услови, а врнежите наскоро после расфрлањето
исто така го зголемуваат ризикот.

Извор: АПРЗ

Слични написи

Back to top button
Close