вестиСоветиХрана

Чување на јаболката во зимски услови

Чувањето на јаболката е многу важен процес и затоа се препорачува за подолг период да се чуваат само плодови од висококвалитетни сорти и од повисоките класи.

Со цел да се добие што повисок квалитет, да се задржи способноста за чување и да се постигне висока пазарна вредност, потребно е да се одреди вистинското време на зреење и врз основа на тоа да се изврши бербата на плодовите. Утврдувањето на оптимален рок за берба базира на примена на објективни методи бидејќи секоја производна година по нешто се разликува од претходната и за секоја соодветна година неопходно е да се утврди вистинското време на зреење и моментот на бербата.

При утврдувањето на бербата треба да се води сметка и за намената на плодовите, односно дали плодовите ќе се реализираат веднаш, дали и во какви услови ќе се чуваат подолг или пократок период. Негативните последици од ненавремена берба на плодовите може да бидат повеќекратни, независно дали бербата е извршена рано или доцна. За одредување на моментот на берба се користат различни методи од кои во практиката најчесто се применуваат јодно- скробниот тест, цврстината на мезокарпот на плодовите, содржината на растворливите суви материи, промената на основната боја на покожицата и сл. Бидејќи со користење на само еден метод често не се добиваат доволно убедливи податоци, треба да се користат повеќе методи за одредување на времето на берба на плодовите. Поради тоа, во практиката во последно време се користи т.н. Штрајфов индекс кој се пресметува според формулата:

! =цврстина на плодот (кг/см2)/(растворливи суви материи (%) х јодно-скробен тест (1-10)

За правилно утврдување на времето на бербата, а со тоа и подолго чување на плодовите, потребно е да се изработи табела со вредности за секој показател на зрелоста и тоа за секоја сорта и одделни региони на одгледување. За наши услови се уште немаме доволно искуства за утврдување на секој параметар посебно, но според податоците од литературата, вредностите на Штрајфовиот индекс за одредени сорти треба да изнесуваат: златен делишес (0,09-0,12), ајдаред (0,20- 0,35), јонаголд (0,07-0,08), црвен делишес (0,15-0,20), грени смит (0,18-0,25) итн. Во секој случај треба да се знае дека плодови кои се наменети за подолго чување треба да се берат во фазата на порана зрелост.

Вид на плодочуње
Сорта Обични Нормалнаатмосфера

 

Контролирана атмосфера (СА)
Златенделишес 2-3 6-7 8-9
Црвенделишес 2-3 5-6 7-8
Ајдаред 5-6 6-7 8-9
Грени смит 4-5 7-8 8-9
Јонаголд 2-3 4-5 5-7
Муцу 2-3 4-5 6-7
Фуџи 5-6 6-7 7-9
Гала 2-3 4-5 5-6
Бребурн 3-4 5-6 8-9
Пинова 3-4 6-7 8-10
Пинк лејди 3-4 4-5 8-10

 

За подолго чување на јаболката, а притоа тоа да биде и економски исплатливо, потребно е добро познавање на карактеристиките на сортите во однос на нивниот квалитет, динамиката на процесите кои го детерминираат квалитетот, прифатливоста на сортите во различна сезона на потрошувачката и на нивната способност да го сочуваат квалитетот за подолг период.

Врз способноста на чување на плодовите влијаат голем број фактори, но доминантна улога имаат сортата, типот на плодочувалиштата и инсталираната опрема во нив. Трајноста на плодовите зависи од голем број фактори на средината меѓу кои се релативната влажност на воздухот, температурата и составот на атмосферата. Овие услови се обезбедуваат во соодветни складишта кои, во зависност од изградбата и инсталираната опрема, може да бидат обични складишта без инсталирана опрема за ладење, ладилници со нормална атмосфера, ладилници со контролирана атмосфера (СА, ULO, ULЕ) и ладилници со динамична атмосфера – со автоматско приспособување на условите врз база на моменталната физиолошка состојба на плодовите.

Во развиените овоштарски земји веќе не се поставува прашање за тоа во какви складишни капацитети ќе се чуваат јаболката, туку само прашање за типот на инсталираната опрема во ладилниците со контролирана атмосфера.

Должина на чување на јаболка во различни типови на плодочувалишта

При одредувањето на висината на температурата за чување на плодовите, треба да се има предвид сортата, времетраењето на чувањето и бараната состојба на плодовите на крајот на складирањето. За секоја сорта јаболка постојат критични температури под кои, во случај на подолго чување на плодовите, се појавуваат оштетувања или физиолошки заболувања. Оптимална температура за чување на повеќето сорти јаболка изнесува 0-3°С. За чување на плодовите од поголемиот број сорти во складиштата треба да се одржува релативна влажност на воздухот од 92 до 93%.

Во ладилниците со контролирана атмосфера плодовите се складираат во комори во кои значително е изменет составот на воздухот, односно намалена е концентрацијата на кислород од 2 до 3%, а зголемена е концентрацијата на јаглерод диоксид на 3-5%. Денес често се користат и таканаречени комори со многу ниска концентрација на кислород од 1 до 2%. Со користење на оваа техника во комбинација со ниските температури, ефектот од чувањето на плодовите е уште поголем. Но, намалувањето на концентрацијата на кислород, а зголемување на С02 може да предизвика одредени физиолошки нарушувања кај плодовите што најчесто зависи од специфичностите на сортата. Поради тоа, потребна е голема претпазливост при користењето на оваа техника.

Пред складирањето може да се применат одредени третмани со цел да се редуцираат негативните влијанија кои се јавуваат при чувањето на плодовите. Во практиката се користат разни видови третмани како што се:

Фунгициди со цел да се намали појавата на монилија, пеницилиум, ботритис, горчливо гниење и други складишни болести;

Разни видови антиоксидативни средства кои го спречуваат потемнувањето на покожицата на плодовите;

Калциум за спречување на појавата на горчливи дамки и други физиолошки заболувања предизвикани со дебаланс во исхраната. За оваа цел во практиката најчесто се користи третирање на плодовите со 2% раствор од калциум хлорид;

Топла вода – овој вид третмани се применува со цел да се убијат спорите од разните видови причинители на болести или да се ослаби нивниот развој, за физичко отстранување на спорите, затворање на невидливите пукнатини, за подобрување на отпорноста и инхибирање на зреењето. За оваа цел плодовите се третираат со топла вода на температура од 55°С во времетраење од 15 секунди;

Третирање со инхибитори на етилен со цел да се намалат процесите на созревањето.

За ова се користи препаратот Smart fresh со активната материја 1-метил цикло пропен (1 -МСР). Овој препарат се користи за спречување на омекнувањето, пожолтувањето, респирацијата, губењето на киселините и сувите материи како и против развојот на јаките физиолошки нарушувања кај плодовите.

Извор: Моја земја

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close