вести

ПРИМЕНА НА ТЕРАГРАМИН-ПОДОБРУВАЧ НА ПОЧВА КАКО АГРОЕКОЛОШКА МЕРКА ПРИ ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ГОЏИ БЕРИ

Гоџи бери (Lycium barbarum или Lycium chinense) е грмушка од фамилијата Solanaceae. Потекнува од југоисточна Азија, а најмногу се одгледува во Кина. Неколку години наназад во Република Македонија има нагорен тренд за одгледување на гоџи бери, со што се поголем број на земјоделци се одлучуваат да подигаат насади со оваа култура. Ваквиот тренд се должи пред сѐ на тоа што ова растение содржи во себе антиоксиданси и се консумира сирово и во сушена форма, а истовремено и економски е исплатливо поради добрата откупна цена и сѐ поголемата употреба во прехрамбената индустрија.

Особено се значајни условите под кои се одгледува гоџи бери и поради тоа поголем број одгледувачи се соочуваат со проблеми со квалитетот на почвата. Примената на подобрувачот на почва ТЕРАГРАМИН претставува агроеколошка мерка која треба да се користи од следниве причини:

ТЕМПЕРАТУРА : за одгледување на гоџи бери погодни се осончани терени, на кои има сончева инсолација преку целиот ден. Со примена на подобрувач на почва ТЕРАГРАМИН се добива подобра топлина во почвата која е значајна во зимскиот период и ранопролетниот период. Во својот состав ТЕРАГРАМИН има голем процент на SiO2 со што придонесува за интензивирање на фотосинтезата кај растенијата, а тоа резултира со побујна лисна маса и подобрена  размена на хранливите материи.

ВОДА : во текот на летниот период гоџи бери има поголема потреба од вода и во овој период потребно е да се води сметка за наводнувањето. Посебно е важно редовно да се наводнуваат младите растенија. Наводнувањето се врши двапати во текот на денот наутро и навечер. Тераграмин задржува 60% течност во себе (вода и растворени ѓубрива), го подобрува полски воден капацитет на почвата, придонесува за оптимално искористување на водата и хранливите материи од ѓубривата, ја одржува нејзина континуирана влажност, особено значајно во периоди на високи температури и кај млади растенија на кои влажноста на почвата им е од големо значење.

ПОЧВА : оптимална почва за одгледување на гоџи бери е алкална со рН > 6,5. Препорачливи почви се оние со добра структура и дренираност (оцедност). ТЕРАГРАМИНврши измена на структурата на почвата (таа станува порастресита), кореновиот систем лесно се пробива низ почвените хоризонти, врши баланс на рН вредноста, бидејќи со својата алкалност придонесува за промена на киселоста на почвата, правејќи ја алкална, а со самото тоа дава услови за одгледување на гоџи бери за кое растение алкалната рН е природно живеалиште.

НАЧИНИ НА АПЛИЦИРАЊЕ И ПОТРЕБНИ КОЛИЧИНИ НА ТЕРАГРАМИН ПРИ ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ГОЏИ БЕРИ

 Садењето се врши од половината на април, па се до доцна есен. Се сади во јами со димензии 40х40х40 сантиметри, на растојание од 1,5 метри, на дното на јамата се става прегорено арско ѓубре, но јамата да остане длабока 15 – 20 см, под и до садницата се става хумус измешан со 0,5 кг ТЕРАГРАМИН, а потоа треба да се затрупа со ископаната земја помешана со 1,5 кг ТЕРАГРАМИН и на крај да се стави вода. Препорачливо е растението да се врзе на потпирач поради стабилност на истото.

За плантажно одгледување каде што обработката на почвата се врши механизирано, растојанието меѓу редовите треба да биде 2,5 – 3 м , а меѓу садниците 1,5 м. За 1 декар потребни се 250 садници, така што при подигнувањето на нов насад со гоџи бери потребнисе 500 кг ТЕРАГРАМИН.

Кај постари насади се препорачува да се аплицираат 4 кг ТЕРАГРАМИН на садница околу коренот со правење прстен со длабочина од 20 – 30 см.

ПРИМЕНА НА ТЕРАГРАМИН ВО ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО

 Во Република Македонија одгледувачите на гоџи бери прибегнуваат кон производство на органски начин. Особено е важно да се користи ТЕРАГРАМИН како подобрувач на почва во периодот на конверзија – премин кон органско производство.При конверзија препорачливо е на површината на почвата предвидена за органско производство да се аплицира количина од 2000 кг/ декар, бидејќи ТЕРАГРАМИН има дејство од минимум 5 години. Производот поседува сертификат за употреба во органско производство издаден од Процерт.

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close