Приносите пченица рекордно високи
Жетвата на пченицата заврши, приносите се одлични, за 60 проценти поголеми од лани, и ожнеани се над 300.000 тони лебно жито, покажуваат податоците на Министерството за земјоделие. Сепак, производителите немаат причина да се радуваат откупната цена на пченицата годинава е рекордно ниска. Во просек се продава за 8,5 денари по килограм, додека во из минативе години беше постигната цена од околу 11 денари.
За да не одат земјоделците во загуба со катастрофалните цени уште на самиот почеток на откупот, Владата на крајот од јули одлучи да додели дополнителни субвенции од 6.000 денари no хектар, како и парична помош при складирање на жито во силосите.
Земјоделците велат дека помошта е добродојдена, но дека е многу неперспективно тоа што тие не успеаја да договорат „нормална” цена со мелничарите и преговарачка мас со мелничарите, но до конечен договор не стигнавме. Владата дава субвенции, тоа е добро, но тие пари треба да бидат поттик за развој на оваа гранка. Официјална просечна цена за продаден еден килограм пченица, според Министерството за земјоделство, е 8,5 денари. Тоа е ниска цена. Ни недостига барем еден денар, односно просекот да биде 9,5 денари, па да има некаква економска оправданост. Од друга страна, имаше и случаи пченицата да се откупува и по 6 денари за еден килограм, објаснува Шаклев.
Мелничарите, пак, се бранат со тоа дека тие може да откупуваат само пченица по конкурентна цена, односно по цена каква што важи и во регионот.
Српското брашно е многу евтино. Владата се договори со производителите да им даде пари за нивното производство по хектар со што практично им дава уште по 2 денари од килограм за да тие се „покријат”. Така е решена маката треба од околу 300.000 тони пченица, но според Малишиќ, иако годинава имаме толкаво производство, тоа не значи дека целото ќе оди во млин.
Бидејќи земјоделците си задржуваат пченица за свои потреби или за стоката, праксата покажува дека во Македонија се откупуваат околу 140.000 тони. Толку веројатно и годинава ќе биде откупено, додека другиот дел се увезува. Притоа, се прави узвоз на различни видови пченица затоа што потребите се различни, вели Малишиќ.