
Припремање на силажа и исхрана на добитокот во зимскиот период- практична обука со сточари од прилепскиот и битолскиот регион
Во изминатиов период ФФРМ во соработка со АПРЗ одржа неколку посети и средби на терен, каде беа посетени фарми со крупен добиток. На тие средби вработените од АПРЗ и советници за сточарство на лице место ги запознаваа присутните фармери одгледувачи на крави со начинот на приготвување на храната на добитокот – силажа и начинот на исхрана на добитокот во зимскиот период. Беа посетени неколку села во битолскиот и прилепскиот регион, а сите овие трибини беа дел од активностите што ФФРМ ги реализира во рамките на проектот „Институционална поддршка на ФФРМ“., подржан од We Effect.
Советниците на АПРЗ како основни точки при приготвување на силажата ги наведоа следниве работи:
$ Вистинска фаза на жетва: кога при притискање не се исцедува течност од растението;
$ Димензиите на сило јамата да бидат сведени на просечната потрошувачка на силажа за една недела. Неделно 1 до 2 метри од силажата треба да бидат отстранети за да се избегне повторната ферментација;
$ Објектот за силирање треба да биде долг, не многу широк и висок. На пример за 20 до 30 крави треба да е 3 до 4 метра долг и околу 1,5 метар висок. Дренажа на силажникот.





