fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во Украина и покрај инвазијата е засеано повеќе жито отколку минатата година

Украинските земјоделци посеаа околу 400.000 хектари различни пролетни култури, 10 отсто повеќе отколку на истиот датум минатата година, и покрај руската инвазија, изјави украинскиот заменик министер за земјоделство Тарас Висоцки.

Недостигот на гориво не влијаеше на сеидбата, нагласи украинскиот функционер. „Преговараме со добавувачите за да не престане сеидбата“, рече Висоцки.

Поранешниот украински министер за земјоделство Роман Лешченко, кој поднесе оставка минатата недела поради здравствени причини, изјави дека пролетните култури оваа година може да се посеат на само околу седум милиони хектари, половина од 2021 година.

Според него, Министерството ги повикало земјоделците да сеат повеќе пролетна пченица, хељда, овес, просо и пролетен јачмен. Површината под сончоглед и пченка може да се намали, проценил тој. Тој одбил да ја предвиди жетвата на жито во 2022 година бидејќи „ситуацијата не е целосно стабилизирана“.

– Областа погодена од воените дејствија постојано се движи и се надеваме дека ситуацијата ќе се промени, дека ќе се постигне мир и дека ќе можеме да ги сееме барем доцните посеви во областите кои сега се во воената зона, рече министерот.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close