fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Се проширува канализационата мрежа во беровското село Русиново

Меѓу останатото, целта е и да се заштитат водите на река Брегалница, за да се обезбеди почиста животна средина.

Се проширува канализационата мрежа во село Русиново. Во рамки на проширувањето како што информираа од Општината предвидена е изградба на третиот крак од канализационата мрежа, со цел на жителите од овој дел на селото долгорочно да им се решат проблемите со канализационата мрежа.

-Со овој проект се опфатени неколку индивидуални станбени објекти и земјоделски имоти, при што ќе се подобрат условите за живот на жителите од село Русиново за собирањето и одведување на отпадните води и ќе се решат одредени проблеми кои се јавуваат со канализационата мрежа, истакнаа од Општината.

Меѓу останатото, целта е и да се заштитат водите на река Брегалница, за да се обезбеди почиста животна средина.

-Секако со тоа очекуваме да се подобри и социјалната кохезија. Средствата во вкупен износ од 1,2 милиони денари за реализација на овој проект, се обезбедени од Буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмата за инвестирање за животна средина за 2021 година, а останатите од општинскиот буџет за 2021 година, додадоа од Општината.

Оттаму најавија продолжување со слични активности и во останатите делови од Општината.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close