fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Проблеми за време и после телењето на кравите и како да ги решите

Кравата е скапо животно и ако при телењето се појават некои пореметувања, веднаш треба да се повика ветеринар, да процени дали е потребна итна интервенција или да се почека природен тек на породувањето. Постелката, треба да биде исфрлена веднаш после телењето, односно во рок од 6 часа. Кравите, релативно добро го поднесуваат заостанувањето на ложата, но подоцна остануваат стерилни. За брзо исфрлање на ложата во водата за пиење треба да се стават витамини, сол и шеќер.

За време на телењето на кравите може да настанат различни пореметувања и неправилности. Ако породилните патишта се тесни, а телето е големо (крупно) – кравата не може сама да се тели. Во такви случаи, ветеринарите се одлучуваат за породување со царски рез. Нормална положба на телето е кога ќе се појави плодниот меур во кој се наоѓаат предните нозе и на нив глава. Не е добро ако во плодниот меур се наоѓа една нога или нозе без глава, глава без нозе или воопшто нема, ниту нозе, ниту глава.

Внимателно со извлекување на телето со сила

Ако телето во правилна положба тргнало низ породилниот канал, тоа може да се извлече со јако јаже. За повлекување, доволни се две до три физички јаки машки особи, кои треба да влечат со сила, но така што кравата која се тели да не се поместува од својата лежечка позиција. Со употреба на преголема сила во тргањето би можеле да се скршат карличните коски кај кравата или дел од телото на телето, а тоа се повреди од кои и кравата и телето може да загинат. Телето не смее да се извлекува со трактор или мотокултиватор.

Проблеми со исфрлање на постелката (ложата)

После породување или пометнување кај домашните животни се случува постелката да не биде одделена, односно одлепена и исфрлена од матката. Нормално е кравата да ја исфрли постелката во рок од 6 часа после телењето, овцата и козата во рок од три, додека маторицата и кучката, ја исфрлаат веднаш со плодот. Ако кравата не ја исфрли постелката, ниту 12 часа по телењето, тоа е знак дека таа е задржана или заостаната.

Здравствените последици се лесно воочливи

При отежнато исфрлање на постелката, кравите се напнуваат, а од вагината висат плодови на овојницата, кои можат да се спуштат до подот на шталата. На почетокот нема знаци на промена на здравствената состојба, но после три дена, кравата престанува со преживање, има пролив или запек, а се намалува и лачењето на млеко.

Исто така, отежнато е и излачувањето на урината, а од матката се цеди леплив и смрдлив секрет со кафеава боја. Подоцна, почнува да се шири непријатна смрдеа на трулеж, поради распаѓање на задржаната ложа.

Причини за задржување на постелката во кравата

Според зборовите на докторот по ветерина Александре Јелесијевиќ – Глигориќ од Белград, причините за задржување на постелката може да бидат различни. „Проблемите обично настануваат кога ќе се истегне ѕидот на матката од крупниот плод или двојки (близнаци), како и поради продолжен и напорен пороѓај. Освен тоа, ткивото на постелката може да отече поради пречки во крвотокот, но и поради алергија. Задржувањето на постелката е најчесто во крави кои боледувале од бруцелоза и габични инфекции, предизвикани од храна“, истакнува Јелисијевиќ – Глигориќ.

Како да спречите задржување на постелката?

За да не се задржува постелката при телењето, неопхадна е соодветна хигиена на фармата, редовно движење на гравидните крави, квалитетна исхрана за време на бремноста. „На кравите кои носат теле, треба да им се даваат витамини А, Д и Е, како и селен. Пред породувањето на животните не треба да им се даваат преобилни оброци, а за напојување на кравите после телењето во кофата со вода треба да им се стави еден килограм шеќер и една шака сол“, нагласува докторката Јелесијевиќ – Глигориќ.

 

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close