
Агро бизнисВестиТоп вести
ПРОЧИТАЈ! – 7,4 милиони евра за инвестиции во земјоделско производство
Јавен повик за Мерка 1 од ИПАРД - Крајниот рок за доставување на проектни апликации е 29.03.2025 година.
Објавен нов Јавен повик за мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД III програмата.
Вкупниот буџет на Јавниот повик изнесува 7.415.335 евра.
Сите апликанти може да побараат неповратен грант во максимален износ до 750.000 евра. Грантот ќе покрие до 75% од прифатливите трошоци за инвестиции во сопствено земјоделско производство, преработка и директен маркетинг на земјоделски производи.
Финансиските средства на Јавниот повик се наменети за:
- Растително производство:
- Житни култури;
- Индустриски и фуражни култури;
- Лозови насади (само вински сорти);
- Други култури од Анекс I кои не се поддржани во рамки на Мерка 7.
2.Сточарство:
- Говеда (за: млечно говедарство, гоење);
- Свињи (за: репродукција, гоење);
- Овци и кози (за: млечно овчарство, козарство, гоење);
- Живина (кокошки несилки, пилиња одгледувани за производство на месо – бројлери);
- Друг добиток од Анекс I што не е поддржан во рамки на Мерка 7.
3. Рибарство:
- Фарми за аквакултура за слатководни риби.
4. Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на фарма:
- Млеко и млечни производи;
- Јајца, месо и производи од месо;
- Овошје и зеленчук, вклучувајќи компири и мешункасти култури;
- Шира, сок од грозје, вино.
5. Производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка:
- Преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса (освен биомаса од рибни производи) за производство на биогас и/или биогорива;
- Користење на сончева енергија, ветерници, геотермална енергија итн.
Крајниот рок за доставување на проектни апликации е 29.03.2025 година.