Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
ПРОЧИТАЈ! Се воведува посебен сообраќаен режим за магистралниот пат Битола-Прилеп
Се воведе посебен сообраќаен режим на сообраќај и тоа пренасочување на цел сообраќај од Магистралниот пат А3 ќе биде пренасочен на Регионалниот пат Р1101, односно од клучката кај с.Тополчани до с.Алинци.
СВР Битола – Се известуваат граѓаните дека поради започнување со изградбата на патниот Коридор 10Д, на делница Прилеп – Битола од денеска (08.10.2024) во 13.15 часот, од страна на изведувачот Бехтел Енка, согласно сообраќајниот проект за времено одвивање на сообраќајот при изградба на Коридор 10 Д, се воведе посебен сообраќаен режим на сообраќај и тоа пренасочување на цел сообраќај од Магистралниот пат А3 ќе биде пренасочен на Регионалниот пат Р1101, односно од клучката кај с.Тополчани до с.Алинци.