ВестиМакедонија

Продажбата на земјоделски полиси лани надминала 7,8 милиони евра

Eвиденцијата на АСО покажува дека четирите компании што нудат земјоделско осигурување лани продале вкупно 3751 полиса,  од кои 3017 се индивидуални земјоделци и сточари, а 734 се земјоделски и сточарски компании.

Земјоделските компании и индивидуалните земјоделци четири години во континуитет ги зголемуваат своите вложувања во полиси за осигурување на посевите, плодовите и добитокот. Според официјалните податоци на АСО продажбата на полиси за сите класи земјоделско осигурување од 2017 година до лани е зголемена за 2,5 пати.

Eвиденцијата на АСО покажува дека четирите компании што нудат земјоделско осигурување лани продале вкупно 3751 полиса,  од кои 3017 се индивидуални земјоделци и сточари, а 734 се земјоделски и сточарски компании.

Лани продажбата на земјоделски полиси надмина 7,8 милиони евра, а вложувањата на аграрните компании во земјоделско осигурување лани пораснале за 65 отсто.

-Аграрни компании, индивидуални земјоделци и сточари лани вложиле за 24 отсто повеќе во осигурување. Вкупната вредност на продадените полиси за земјоделско осигурување лани достигна вредност од 480 милиони денари (7,8 милиони евра). Најголем раст на вложувања во осигурување има кај земјоделските и сточарските фирми кои за полиси лани издвоиле 65 отсто повеќе односно 215,2 милиони денари (3,5 милиони евра), појаснуваат од АСО.

Паралелно забележан е и раст на вредноста на исплатени штети. Така според податоците на АСО земјоделците и сточарите наплатиле 313,6 милиони денари (5,1 милиони евра) штети од осигурителните компании лани врз основа на покритијата од нивните осигурителни полиси. Вредноста на исплатите за настанати штети лани се зголеми за 56 отсто во споредба со претходната година, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Најголем раст на наплатени штети има кај земјоделските фирми кои врз основа  на осигуреното од своите полиси наплатиле 141,4 милиони денари (2,3 милиони евра) што е за 1,4 милиони евра повеќе исплати за штети во споредба со 2019 година.

На индивидуалните земјоделци минатата година осигурителните компании им надоместиле 2,8 милиони евра за настанати штети и тоа е за 18 отстo повеќе од претходната споредбена година.

Полисите за осигурување во земјоделството покриваат ризици од пожар, град, мраз, луња и дополнителни ризици врз посевите и плодовите. Кај осигурувањето добиток полисите покриваат ризици од последици од болести. (МИА)

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close