вестиМакедонијаТоп вести

Продолжува дождливото време

Променливото и нестабилно време од викендот, треба да продолжи и во првата половина од наредната седмица со повремени врнежи од дожд попладне и со пониски дневни температури кои само во јужните делови треба да достигнат врдности околу 34 оС кон крајот на седмицата.

Вакви временски услови во овој период на изведување на жетвата ќе им предизвикаат прекини на земјоделците во извршувањето на работите во поле, но добиените врнежи од ваквите нестабилности би биле добредојдени за пролетни окопни или градинарски култури.

Во втората половина од седмицата треба да дојде до постепено стабилизирање на времето што ќе овозможи по нормален тек на работите на отворено кои во овој период ги има во изобилство.

Наглото затоплување на времето во изминатата седмица со температури над 37 оС а на одредени места и блиску до 40 оС предизвикаа предвремено и нагло зреење на пченицата во Пелагонија, што ќе резултира со намален принос и послаб квалитет на зрното заради брзата дехидратација.

Високите температури пропратени со висока релативна влага во воздухот како резултат од нестабилностите попладне кон крајот на седмицата, во одредени региони допринесува за создавање на оптимални услови за појава на болести и развој на штетници на што посебно треба да обрнат внимание земјоделците врз заштитата, информираат од УХМР.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close