Македонија има капацитет да го прехрани сопственото население, а сепак на увоз троши над 700 милиони евра годишно

(Oвој напис е објавен на: January 26, 2018)

mak

Произведува доволно компир, кромид, грав, ориз, пипер, домат, краставица, зелка, лук, грозје, јаболка, праска, слива, тиква, лубеница, свежо месо, млеко,…, се, освен пченица и јужно овошје: банани, лимони, портокали,…, а на увоз троши над 700 милиони евра годишно, пишува МИА.

Земјоделците велат дека не е проблем тоа што Македонија увезува, туку што нема политика за заштита на домашното производство: редуциран увоз (барем во екот на сезоната, кога нашите производи стасуваат и се пласираат по пазарите) или откуп на она што ќе остане залиха.

Според бизнисот, пак, земјава е нето-увозник на земјоделски и прехранбени производи, а расположивиот потенцијал на обработливо земјоделско земјиште и пасишта не е искористен. Системот на субвенционирање е погрешен, не дава резултат, а дополнителен проблем е неконкурентноста.


 

скопјеинфо.мк