fbpx
Вести

Продолжен рокот за аплицирање за земјоделски субвенции

subvencii

Владата, на денешната седница, го продолжила и рокот за земјоделците, за аплицирање за субвенции до 15 септември, од сегашниот рок кој истекуваше на 30 јуни. Со тоа, како што се вели во соопштението, Владата им излегува во пресрет на земјоделците кои поради необезбедени технички услови, не биле во можност да почнат со аплицирањето од 15 април годинава.

На седницата Влада усвоила измени и дополнувања на Програмата за финанасиска поддршка во земјоделството за 2017 година, со што ќе се овозможи обештетување на земјоделците кои имаат штети од поплавите во тетовско на почетокот на јуни годинава, како и за земјоделците кои претрпеа штети од пролетните мразеви 2016 и 2017 година.

Исто така Владата донесе одлука за измени и дополнувања на Законот за земјоделство и рурален развој по скратена постапка, со што се создадени услови да отпочне исплатата на субвенциите на тутунарите за минатата реколта.


 

алсат.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close