вести

Владата донесе одлука за согласност на Јавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште

vlada

Владата на вчерашната седница донесе одлуката за давање на согласност на Јавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање.

Исто така, Владата донесе решение за формирање на Комисија за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари.

На седницата на владата беше разгледана и прифатена информацијата за Правилник за општите и посебните барања за безбедност на храната во однос на максимално дозволените нивоа на резидуи од пестициди во или врз храната и храната за животни од растително и од животинско потекло.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close