fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Продолжува дебатата за Законот за земјоделство и рурален развој

Пратениците вчера во рамки на 64. седница расправаа за Предлог измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој, а дебатата треба да продолжи денеска.

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да одржи продолженија на 64., 39., 71., 69 пленарна седница. Во законодавниот дом е најавена и седница на Комисијата за труд и социјална политика.

Пратениците вчера во рамки на 64. седница расправаа за Предлог измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој, а дебатата треба да продолжи денеска во 11 часот.

Пратеникот од СДСМ, Панчо Минов во врска со изјавите за манипулацијата со субвенциите од страна на опозициските пратеници, посочи дека проблемот е во откупувачите.

– Земјоделците не се незадоволни од Владата, таа си ги има исполнето сите обврски, проблемот е во откупувачите, проблемот е во пазарите. Она што значи субвенции и помош, што го дава државата е сè субвенционирано, рече тој.

Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека не се сомнева во, како што рече, „добрите намери на ова законско решение на предлагачите“.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close