Продолжува нестабилното време со умерени темепратури
Сончево со умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието каде повремено ќе засилува. УВ=7. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 30 степени.
Умерените температури на воздухот пропратени со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне, беа главна одлика на времето во изминатата седмица.
Слични временски услови не очекуваат и во текот на наредната седмица, но со малку пониски дневни температури кои на поголем дел од Републиката нема да го надминат триесеттиот степен.
Вакви временски услови во овој период на изведување на жетвата на есенскиот јачмен не им одговара на земјоделците, а уште повеќе што има услови за нестабилност која може да им причини штети кај веќе зрелиот јачмен. Врнежите ќе ја успорат жетвата, но од друга страна се добри за пролетните
окопни култури на кои им треба вода.
Време со пониски температури, повремени врнежи и појава на слаб ветер не оди во прилог на пчеларството во време на медење на липата, каде се измиваат цветовите а времето за излегување од кошниците се скратува.
Пониските дневни температури ќе го успорат и зреењето на раните сорти на овошки, информираат од УХМР