fbpx
Вести

Продолжува незадоволството кај радовишките сливари

Производителите на сливи од радовишко и денеска го блокираа патот кон Струмица барајки од државата да ги обесштети по пет денари за килограм, во просек за 30 тони па хектар. Ова го барат бидејки немало откуп на ова овошје во регионот и мерките на Владата не дале резултати заради што прооизводството почнало да скапува по овоштарниците.

 

Министерството за земјоделство смета дека барањата на сливарите од радовишко е уцена и не ги оправдува нивните ставови, без да се обере и предаде производството со сливи кај откупувачите или преработувачите да добиваат по 150 илјади денари по хектар.

 

Лани субвенциите за сливарите се зголемени за 10 одсто и биле исплатени 64 милиони денари. Производителит на сливи од радовишко и за утре најавуваат протести.


 

24mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close