Продолжува сончево време со локална облачност
Стабилното време со натпросечни температури на воздухот кои достигнаа и 35 оС во изминатиот период допринесе за непречена берба на винските сорти грозје, како и берби на тутунот, сушење на истиот, и зреење и берба на градинарски култури.
Оваа седмица, како што информира УХМР, се очекуваат слични временски услови како измината седмица, но со температури на воздухот малку поумерени од забележаните во изминатата седмица, кои се очекуваат да не надминат 30 оС, што ќе овозможи да продолжат активностите на терен околу бербите на грозје, овошки, градинарски и индустриски култури.
Влагата во почвата има доволно за есенско заорување и припрема на површините за есенската сеидба.
Препораката за стимулативно прихранување на пчелните семејства останува и во наредниот период за успешно одгледување на зимското легло, советуваат од УХМР.