fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Завршува мерката „Гарантирана цена“

Бектеши ќе го чека носењето на законот за забрана на нефер трговски практики

Гарантираните цени на производите во маркетите од следниот месец нема да се продолжат, вели министерот за економија Крешник Бектеши. Редот во нелојалната конкуренција, Бектеши вели дека ќе се става со носењето на законот за нефер трговски практики, кој според него ќе доведе и до намалување на цените на прехранбените производи.

Очекувањата на Бектеши се ова законско решение, за кое вели дека е целосно усогласено со европската регулатива и е со европско знаменце, да биде усвоено во најкраток можен рок.

„Законското решение со кое се става ред во нелојалната конкуренција во трговијата и се воведуваат фер практики помеѓу трговците и добавувачите во синџирот со земјоделски и прехранбени производи се очекува оваа недела да влезе во второ читање во комисиите во Собранието. Со законот очекуваме да се намалат цените на прехранбените и земјоделските производи“,

вели Бектеши во изјава за МИА.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close