Професионалните земјоделци ќе добијат дополнителни субвенции

Професионалните земјодеци имаат право на дополнителни субвенции. Кај три категории на производители има и зголемување на финансиската поддршкаод 5 до 20 проценти. Во националната програмата за земјоделството останува и мерката за складирање на новиот род на пченицата.

Во првата категорија, условот за користење дополнителна помош од 5 проценти  го остварува регистрирано правно лице кое е основано од семејно-земјоделско стопанство со целиот земјоделски имот освен објектите за домување.

Втората категорија се младите земјоделци до 35 години на  кои  им следуваат  уште 10 проценти од основниот износ на субвенциите  поради нивното останување во руралните средини  како и за стимулирање на работењето во оваа дејност.

Третата категорија со поголема финансиска поддршка  се регистрираните индивидуални земјоделци или регистрираниот земјоделец согласно Законот за пензиското и инвалидско осигурување.

За нив, субвенциите се поголеми за 20 проценти.

На дополнителната помош, може да сметаат и земјоделците за чувањето на пченицата од домашно производство од реколтата во 2019 година, предадена во регистрираните капацитети за складирање во август годинава.


 

vecer

Share Button