fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Производители на лешници, чипс и масло од лешници, вредни како верверици

Семејството Перески од струшкото село Ложани, се производители на лешници, чипс и масло од лешници и во нивниот дом ги консумираат постојано и на најразлични начини. На главниот „виновник“ му помогнале да се избори со страшната болест, а другите ги консумираат превентивно и никогаш не им се преку глава

Благодарни сме на секој витамин и минерал кој на природен начин го внесуваме во организмот консумирајќи ги секојдневно лешниците и маслото кое го правиме од нив“, вели Мишела Переска која заедно со нејзините родители се занимава со лешници и со производство на ладно цедено масло од лешник.

На ова семејство, сопружниците Зоран и Орнела и нивната ќерка Мишела, земјоделието им е хоби, а она што ги поттикнало да почнат да се занимаваат со лешници и особено со производство на ладно цедено масло од лешници, била болеста на Зоран и информациите за здравствените придобивки кои слушнале дека ги има ова масло кое со право се нарекува лек за превенција од многу болести

Семејството кое претходно немало никаква врска со производство на храна, Зоран е градежен техничар, Орнела е медицински лаборант, а Мишела, најмладата во тричленото семејство, е дипломиран сообраќаен инженер, ги насадило лешниците пред 10 години во струшкото село Ложани.

„Татко ми ги насади лешниците пред 10 години во село Ложани кое се наоѓа на 5 километри од Струга и на 700 метри надморска височина. Лешниците се наоѓаат од десната страна по течението на реката Црн Дрим.

Станува збор за лешници одгледувани во еколошки чиста природна средина, третирани со органски производи кои се регистрирани во европскиот регистар за органски ѓубрива и заштита“, објаснува Мишела и додава дека иако дрвцата ќе родат и во третата и четвртата година, приходите и профитот почнуваат од петтата година кога родноста треба да биде по 2 килограми лешници од стебло.

„За целата работа и советите околу органските препарати и третирањето со истите сакам да му се заблагодарам на големиот стручњак и наш пријател Тодор Лонго. Тоа е човекот на кој сме му најблагодарни за секој плод добиен од лешниците на потполно природен начин“ вели таа.

А токму нејзиниот татко и неговата тешка борба со болеста врз која тој извојувал победа, се доказ за здравствените придобивки на лешниците и маслото кое содржи голема количина на мононезаситени масла како омега-9, кои ја подобруваат циркулацијата на крвта и високо ниво на антиоксиданти кои помагаат во борба против слободните радикали кои можат да предизвикаат оштетување на клетките и нивно стареење, се борат против малигните тумори и имаат анти-бактериско, анти-воспалително, антивирусно и антисептичко својство.

Инаку, семејството ја купило машината за производство на маслото само пред неколку месеци и иако никогаш претходно немале искуство со производство на храна, започнале со производството на првите количини масло од лешник.

„Производството е лесно, но сепак многу одговорно, бара огромно внимание и максимална грижа за хигиената, почнувајќи од дезинфекција на просторот кој ни е приспособен за работа па сè до стерилизација на шишињата за масло.

Процесот започнува со отстранување на кората и печење на лешниците на одредена температура. Потоа лешникот продолжува во пресата кадешто се цеди и се добива ладно квалитетно цедено масло, кое е спремно за консумирање. Ние сите пиеме по една до две лажички масло на ден и тоа ни е дел од утринската рутина. Инаку го користиме во сите салати, како замена за обичното масло. Превкусно е со парче сирење и малку чипс од лешници. Но комбинациите со лешниковото масло и храната немаат крај“, вели Мишела која ни објаснува дека во овој процес на производство на масло од лешник тие прават се за да нема никаков отпад.https://artkujna.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close