fbpx
ВестиТоп вести

РАЗМЕНА НА ЕКОЛОШКИ ИСКУСТВА ВО БИТОЛА

sdr

50-тина наставници и ученици, деновиве се гости во Битола, во рамките на проектот „Биди зелен“, чиј домаќин е средното општинско училиште „Таки Даскало“. Проектот е во рамките на Еразмус плус програмата, а главна цел е да се интегрира таканареченото „зелено образование“, односно да се зајакне свеста кај младата популација за заштита на животната средина.

Градоначалничката Наташа Петровска ги поздрави учесниците во проектот и им посака топло добредојде во Битола, со желби да понесат со себе што повеќе убави спомени и применети искуства од овдешниот престој.

Директорката на СОУ „Таки Даскало“ Елизабета Наумовска посочи дека во проектот учествуваат ученици и наставници од партнерските училишта од Истанбул -Турција, Тагровиште – Бугарија, Вила Верде – Португалија, Баја Маре – Романија и Авр – Франција.

Меѓу останатите содржини, во рамките на проектот учесниците до 5 април ќе реализираат посета на соларна централа,  етно-куќа со традиционална храна, природонаучен музеј, пречистителна станица за вода и дел од културните и историските атракции на  Битола, соопштуваат од општина Битола.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close