fbpx
Вести

Производителите на чоколада се насочуваат кон Исток за поголем раст

Најголемиот производител на чоколади во светот се насочува кон Исток, во обид да го зголеми својот раст, во услови на слабеење на интересот за слатки производи во САД и Западна Европа.

Компанијата со седиште во Цирих, „Barry Callebaut AG“ договорила купување на руската „Inforum“ и влегува на вториот по големина пазар, според волуменот, на чоколадо во светот, соопштија од швајцарската компанија. Купувањето е знак за враќање на довербата за раст, откако рубљата падна за 12 отсто во однос на швајцарскиот франк во текот на изминатата година, според „Bloomberg“.

Одлуката на „Barry Callebautу“ покажува дека чоколадните компании се свртуваат кон нови пазари, додека американските и европските потрошувачи се повлекуваат од производи од шеќер во потрага по поздрави алтернативи.

Според другиот швајцарски „чоколаден“ гигант „Lindt & Spruengli AG“, Бразил, Јужна Африка, Јапонија, Кина и Русија ќе имаат „огромен“ потенцијал во наредните години. Половина од 30 до 40 продавници што треба да се отворат оваа година ќе бидат на овие нови пазари.

По неуспехот да ја подобри својата позиција во САД, каде „Hershey Co.“ исто така, доживува тешкотии, „Nestle“ го продаде својот бизнис со чоколада претходно во оваа година.

Европа е заситена со чоколада и е дом на десетте земји што имаат најголем рејтинг за потрошувачка по глава на жител, според „Euromonitor International“.

„Сите производители на какао и чоколадо гледаат кон пазарите во развој и ќе станеме сведоци таму на голем поттик“, вели Дијана Гомез, аналитичар на „Bloomberg Intelligence“. „Потрошувачката по глава на жител е помала на пазарите во развој, така што потенцијалот за раст е огромен“, рече таа.

„Barry Callebaut“ е малку познато име за корисниците, иако е најголемиот производител на чоколадо, произведува кондиторски производи врз кои компании како „Hershey“ и „Nestle“ ги пласираат своите етикети. Компанијата ги проширува своите активности во Кина во последниве години, потпирајќи се на земјата да стане еден од најголемите пазари на чоколади во светот.

„Inforum“, кој произведува чоколади и други слични производи, оствари продажба од околу 86 милиони швајцарски франци (87 милиони долари) во изминатата година. Останатите детали од договорот, кој треба да се заврши до крајот на 2018-та година, сè уште се нејасни.

 


 

denar

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close