fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Производителите на домати од струмичко го блокираа патот до три села, бараат повисока откупна цена

Во Струмичко има повеќе од 500 хектари домати под пластеници.

Нови протести и блокади на земјоделците од Струмичко. По производителите на компир од Иловида и Штука, денеска на празникот Св. Кирил и Методиј на протест излегоа производителите на домати. Тие со трактори и земјоделска механизација го блокираа патот кон населените места Просниково, Сарај и Гечерлија оти почетната откупна цена за килограм домати изнесува од 20 до 25 денари, што според нив е катастрофална, пренесува https://sdk.mk/

Како што кажаа земјоделците, ова е изненадувачка цена, бидејки само што почнала бербата на домати во Струмичко, која допрва ќе се интензивира. Велат дека нема сигнали за сигурен откуп и постои стравување дека откупната цена ќе се намалува.

„Не знаеме каде е проблемот, но никогаш досега не се случило првите берби да одат по толку ниски цени. Продажната цена на килограм домати не смее да биде под 35 или 30 денари. Трговците велат дека немало интерес од пазарите. Има ли оваа држава Министерство за земјоделство, води ли грижа? Еве, го повикуваме министерот нека дојде и заеднички да најдеме модел и начин како да излеземе од оваа ситуација, оти за неполна недела ќе има огромни количини на домати и ако нема откуп и пласман, ќе почнат да скапуваат по пластениците“, вели Атанас Спасов, земјоделец од Просениково.

Во Струмичко има повеќе од 500 хектари домати под пластеници. Бербата почна деновиве. Од идната недела се очекува интензивно да стасуваат за берба, кои ако навреме не се соберат, ќе почнат да скапуваат по нивите. Оттука и стравот на раноградинарите, бидејќи никогаш почетните количини во производствена сезона немале толку ниска откупна цена

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close