Производителите на зелка од Валандово тријат раце, откупната цена руши рекорди

(Oвој напис е објавен на: February 5, 2019)

 

Заради огромната побарувачка на зелка на европските пазари, откупната цена на овој зеленчук во валандовско- гевгелискиот регион деновиве стаса и до 25 денари за килограм што е незапаметено во последните петнаесет години. Земјоделците тврдат дека секоја година биле навикнати родот да го предаваат од 3 до 10 денари за килограм и ова што годинава се случува било вистинска премија.  Речиси сите пунктови во валандовско се отворени и се откупува зелка што не беше случај минатата година кога зелката скапуваше по нивите или се нудеа едвај три до четири денари за килограм. По валандовското поле речиси сите земјоделци го прибираа родот пред се поради високата цена и огромната побарувачка. Станува збор за производствен турнус на зелка кој се сади во авуст а февруари и март се собира.

,, Ваква цена сме немале во последните десет може и повеќе години. Ние викаме дека ова е премија бидејки догодина повторно нема да биде толку висока цената. За жал годинава потфрли родот пред се поради огромната есенска суша, можеби и тоа е една од причините за огромниот интерес, бидејки и овде нема многу зелка”, коментираше Боне Божинов од валандовско Јосифово

Тој дневно бере по околу 5 тони зелка. Го затекнавме како ги носеше двата трактори на откупен пункт во селото. Ангажирал работници да ја собере зелката која ја има засадено на околу еден хектар. И тој е свесен дека ова е превисока цена затоа тој сака  да се обезбедат услови за сигурен откуп и стабилни цени а не една година со високи откупни цени а низ другите да скапува производството по нивите

,, Ние сакаме да имаме сигурен откуп. Така може да го планираме производството. Ако и оваа година не одеше зелката ретко кој ќе ја садеше догодина. Сега со ова цена земјоделците ќе се ,,подлажат’’ и ќе ги зголемат површините и догодина повторно ќе имаме хиперпродукција и немање пласман, Еве зелката да се откупува по цена од 15 денари е најреална,, вели Божинов

Во валандовскиот регион последниве години постојано се намалуваше производството под зимска зелка пред се поради немањето откуп и ниските откупни цени. Своевремено во овој регион зелката се одгледуваше на околу 500 хектари но  сега производството е преполовено. Принсите по хектар може да се движаат од 30 до 50 тони во зависност од квалитетот на зелката

,,Имаме околу нешто повеќе од половина хектар и очекуваме да собереме околу 15 тони зелка. Ќе имаше и повеќе но заради сушата во август, септември па и октомври некако не сме задоволни од количините. Тоа е нашето една година ќе има цена па ќе нема приноси,друга година ќе има прионси па ќе немаме цена. Задоволни сме од откупната цена ова година која е изненадувачка за сите нас. Повеќе од десет петнаесет години не сме имале  таква цена. Се надеваме дека доаѓаат подобри денови за нас земјоделците оти гледате се помалку млади има по нивите. Тие со бугарски пасоши заминаа одамна од земјоделието,, објаснува Фалих Синанов од валандвско Калково

Зимската зелка во земјава најмногу се одгледува во валандовско – гевгелискиот регион  пред се поради медитеранската клима и потоплите зими кога зелката врзува. Лани половина од производството остана на нивите бидејки немаше пласман. За разлика од лани годинава речиси пазари се ориентирале кон македонското производство. Големата цена се должи пред се поради извозот за Шведска

,, Се појави недостиг на зелка на речиси сите пазари во Европа бидејки потфрли родот кај поголемите европски производители па сите се насочија кон валандовско гевгелиската зелка. Цената е резултат на понудата и побарувачката и тука нема ништо нелогично. Најмногу има извоз за земјите од поранешна Југославија, Романија, Унгарија, Белорусија а знам дека фале зелка и на скандинавскиот пазар каде исто така има извоз”, коментираа откупувачите од Валандовово.

Раноградинарите пак од струмичко уверени се дека високите откупни цени на зимскиот турнус зелка во валандовско е добар показател за престојната откупна сезона. Во струмичко на големо почна сеидбата на зелка под пластеници чие производство се очекува при крајот на март и месец април

Ване Трајков

Share Button