fbpx
ВестиСовети

ПРОИЗВОДСТВО НА КВАЛИТЕТНО ОВЧКО МЛЕКО

mleko

Најважни фактори кои го одредуваат квалитетот на млекото, покрај хемиските состојки содржани во него се:

-вкупниот број на бактерии до 1000 000

-бројот на соматски клетки до 400.000

 

ХИГИЕНА НА ФАРМА И ИЗМОЛЗИЛИШТЕ

-Варосувајте ја внатрешноста на трлата најмалку еднаш годишно

-Простирката од слама или сено во трлата треба да се менува почесто

-Хранењето на овците, менувањето на простирката или чистењето во трлата треба да се врши 1-2 часа пред молзење или помеѓу две молзења

-Измолзувањето се врши надвор од трлото на бетониран под.

ХИГИЕНА НА МОЛЗАЧИТЕ

            -Добра лична хигиена

-Миење на рацете со сапун или друго средство за дезинфекција

-Подсекување на ноктите

ХИГИЕНА НА ВИМЕТО И МОЛЗЕЊЕТО

            -Отстранување на влакната на вимето и потстрижување на волната околу вимето, на опашката и задните нозе

-Молзење прво на здравите животни, а после на животните кои се лечени со антибиотици или антипаразитни препарати или примале друга терапија

 (МЛЕКОТО ОД ОВЦИ КОИ СЕ ЛЕЧАТ ИЛИ ПРИМАЛЕ ДРУГА ТЕРАПИЈА НЕ Е УПОТРЕБЛИВО ЗА ЧОВЕЧКА ИСХРАНА И ЗАТОА НЕ СМЕЕ ДА СЕ МЕША СО МЛЕКОТО ОД ЗДРАВИТЕ ОВЦИ, СЕ ДОДЕКА НЕ ИСТЕЧЕ ВРЕМЕТО НА КАРЕНЦА НА КОРИСТЕНИОТ ЛЕК)

(КАРЕНЦА Е ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД ВО КОЈ ЛЕКОТ СО КОИ СЕ ЛЕЧЕНИ ЖИВОТНИТЕ СЕ ИЗЛАЧУВА ПРЕКУ МЛЕКОТО)

-Мијте го вимето пред молзење! (со млака вода), потоа се бриши со памучна или хартиена крпа

-Измолзување на првите два млаза од секоја боска во посебен сад

-Измолзување на овците на подот или простирката од трлото не смее да се врши

-Вимето од овците треба потполно да го измолзувате! (кај непотполно измолзени овци постои можност за појава на маститис-навимница)

-Дезинфекција на боски со јоден дезинфициенс после секое молзење

-Процедете го млекото преку чисто неколку слојно платно пред да го внесете во собирниот сад.

-Контрола на млекото со маститис тест, пр.Калифорнија маститис тест

МЛЕКАРСКИ САДОВИ, ОПРЕМА И ПРИБОР ЗА ПРЕРАБОТКА НА МЛЕКОТО

            –Садовите (ведрата), кантите за собирање и чување на млекото и опремата и приборот треба да се изработени од материјал (нерѓосувачки челик, емајлирани или пластични садови) кои лесно се чисти, без пукнатини или недостапни агли.

-Чистење на садовите од наслаги од млечна маст, наслаги од протеини во млекото и минерални наслаги.

-Прибор за чистење – четки

-Не се користат – сунѓери

 

 

ХЕМИСКИ СРЕДСТВА ЗА ЧИСТЕЊЕ

            -Алкални детергенти –живата сода (натриум хидроксид) 1-2% раствор (на 10л. вода се додава 100-200гр. жива сода)

Кисели детергенти – за отстранување на млечен бигор  (камен) и минерални наслаги

Хлорните дезинфициенси – за уништување на бактерии

ПОСТАПКА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА САДОВИТЕ И ДРУГИОТ МЛЕКАРСКИ ПРИБОР

  1. Плекнење со млака вода (35-43°С)
  2. Перење со алкален детергент (Т над 65°С)
  3. Плакнење со ладна или млака вода
  4. Перење со кисел детергент (1-2 пати неделно)
  5. Плакнење со ладна или млака вода
  6. Чување на садовите и опремата до следната употреба
  7. Дезинфекција на садовите и опремата
  8. Плакнење со ладна или млака вода
  9. Чистење на цедилата за млеко

(ОВАА ПРОЦЕДУРА ЗА МИЕЊЕ НА САДОВИТЕ И ДРУГИОТ МЛЕКАРСКИ ПРИБОР И ОПРЕМ, СЕ ПРИМЕНУВА ПОСЛЕ СЕКОЈА НИВНА УПОТРЕБА)

 

СКЛАДИРАЊЕ НА МЛЕКОТО

            –После молзење садовите со млеко се складираат во посебна просторија за чување на млекото, покриени со чисти капаци.

ЛАДЕЊЕ НА МЛЕКОТО

            –Доколку до продажба или преработка на млекото има повеќе од 1 час, тоа мора да биде изладено на Т од 0-4°С

-Најхигиенски и најдобар начин е ладење на млекото со помош на специјални, автоматски уреди наречени ЛАКТОФРИЗЕРИ.

 

                (СО ПРИМЕНА НА СИТЕ ОВИЕ МЕРКИ ВИЕ ЌЕ ПРОИЗВЕДЕТЕ МЛЕКО СО ВИСОК КВАЛИТЕТ СПРЕМНО ЗА ПРОДАЖБА ИЛИ ПРЕРАБОТКА).

 

Минимум  6% млечна маст

Минимум 10.5% суви материи без маст

Киселоста да не е повисока од 12°ЅН, односно да дава негативна реакција при алкохолна проба на киселост

Не смее да има додадено вода и други додатоци

Мирисот, бојата и вкусот да бидат својствени за врстата на животно од кое се добиени

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close