ВестиВкусот на традицијатаСовети
Производство на праз
Празот спаѓа во групата на двогодишни култури. Се одгледува претежно за берба во есенските денови.
Се користи најповеќе поради големите нутритивни и лековити својства. Најмногу е застапен во регионот на Општина Василево-Струмица, поточно село Градошорци каде секоја година се одржува и манифестацијата Ден на празот.
Почвените и климатските услови овозможуваат за одгледување на истиот при што се произведува доста квалитетен праз.
Не спаѓа во култури кои барат висока технологија на производство но сепак препорачливо е земјоделските производители да се консултираат со стручни лица во текот на производството.
Валентина Соколовска
за Зелена берза