вестиМакедонијаТоп вести

Производството на домашно свинско месо на крстопат

Од владината одлука дали ќе дозволи континуиран без царински увоз на смрзнато свинско месо ќе зависи иднината на домашното производство на свежо свинско месо

Во делот на сточарството производството на свинско месо е еден од ретките сектори кои последниве години бележи пораст во сите области. По производни резултати домашните свињарски фарми се поблиску се до сите параметри на производство како и европските дури имаа сегменти каде се и подобри и тие резултати се подобруваат секоја година. Освен во производните резултати кои се многу значајни за самите фарми да работат рентабилно многу значајни се и бројките кои покажуваат дека секоја година производство на свежо свинско месо е во постојан пораст. Според официјалните податоци пред десет години производството на свинско месо било на ниво нешто помало од 8500 тони за во 2019 тоа производство да изнесува 13 500 тони. Ова е пораст на производството кое го нема ниту една друга гранка во земјоделскиот сектор. Но овој сектор во кој силно се вградува науката и стручноста, наместо да добие соодветна поддршка од државата постојано е пред нови закани. Последните закани освен од африканската свинска чума која ја има во регионот и за која се клучни преземањето на превентивните мерки, сериозна закана за уназадување на домашното производство доаѓа од секторот кој треба да биде партнер во развојните резултати. Преработувачите на месо преку своите здруженија бараат од државата да може да увезуваат смрзнато свинско месо целосно ослободено од царинските давачки.

-Предлогот на преработувачите на месо преку стопанката комора како барање стаса до министерството за економија. Но за да биде усвоено потребно е да добие позитивно мислење и од постојаната потсекторска група. На последната седница на оваа потсекторска група речиси едно гласно е дадено негативно мислење бидејќи на тој начин наместо да се работи на тоа како повеќе домашно месо да го замени увозот, месната индустрија целосно ќе се сврти кон увозно месо, сметаат од здружението на одгледувачи на свињи Гицко.

Состојбите на пазарот со месо во овој период се такви што покрај незаинтересираноста за купување на домашните свињи од месната индустрија, разликата во цена помеѓу свежото и смрзнатото остава простор дел од тоа увезено смрзнато месо да заврши наместо во преработки како свежо по месарите. За да имаат поголем извоз и да работат месните индустрии тие веќе од државата добија мерка од пред неколку години да може да увезуваат месо без царински давачки. Оваа мерка се носи на секои 6 месеци и се прави преглед колку месо имала месната индустрија потреба да увезе половината од тоа да биде без давачки. Овој модел досега успешно функционираше и не претставуваше проблем ниту за домашните фарми бидејќи беше под силен мониторинг од агенцијата за храна и ветеринарство и се покажа како ефикасен да нема појави смрзнато да се продава како свежо месо. Владата е сега на потег бидејќи и покрај негативното мислење на потсекторската група таа може да владина седница да ја донесе оваа мерка која за свињарските фарми ќе значи намалување на производството  а за потрошувачите се потешко ќе може да се гарантира дали  по месарниците ќе се троши смрзнато или свежо свинско месо бидејќи ќе биде невозможно да се  контролираат сите месарници а и не постои официјална метода со која ,, црно на бело,, може да се докаже дали месото е свежо или замрзнато туку сè се сведува на визуелна проценка на надлежните.

З.Б.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close